Вегани

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И човековите претци ждереле месо а масаите јадат секакво месо, пијат свежа крв, имаа некаква техника сецнуваа некоја вена на вратот на животното и пиеја од неа ...
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имам веган колешка на работа и само неа ја знам таква и стварно е малце напорна со муабетите, мислам и дека сите колеги и ја избегаваат само поради тоа. Ја немам слушнато да прави муабет за други работи, освен за здрава исхрана и коктели со некои намирници што да не беше таа не ќе знаев дека постојат. И стварно замара со ренови и брокули, со нутрибулети и растителни сирења, мислам и дека нема осет да прекине и ако очигледно и дадеш до знаење дека не те интересира. Друга тема освен здравата исхрана не постои и некогаш мислам дека сум среќна што јадам месо да ме штити од претворање во нешто такво :zelen
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
И човековите претци ждереле месо а масаите јадат секакво месо, пијат свежа крв, имаа некаква техника сецнуваа некоја вена на вратот на животното и пиеја од неа ...
Незнам дали си во тек со муабетот, јас тоа погоре со ескимите го спомнав во друг контекст...
Не ми одговори како човекот јадел месо пред да научи да прави и употребува оружје.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Незнам дали си во тек со муабетот, јас тоа погоре со ескимите го спомнав во друг контекст...
Не ми одговори како човекот јадел месо пред да научи да прави и употребува оружје.

Како тоа не ти одговорив? Ајде подетално малку, пошто гледам не оди лесно тоа :kafe
Човекот (значи чоек, не нешто друго, не колоквијално) е хомо сапиенс-сапиенс и тој од коа постои отсекогаш употребувал оружје и бил сештојад. Како? Пошто неговите претци евоилурале во човек со помош на, меѓу другото и оружје и лов. Не постои ниту еден период од историјата на чоекот во кој да не јадел месо, постојат милиони традиции, култури, литература има од гилгамеш наваму, записи, легенди, митови, религии и ниту една не говори за нејадење месо.
Не треба да оставаш да те лажат тоа веганските свети списи, не е тоа добро...
 
Не, не, остави лажење, вегански свети списи и сл. јас онака од чиста логика мислам дека човекот дури и да јадел месо, не би јадел толку често и би јадел месо од некои помали животинки како птици, глодари и сл.
Чисто само од најобично набљудување можеме да дојдеме до заклучок дека човек без оружје не би можел да совлада крава или свиња.
Остај ги термините и нивните ограничувања, поентата ми беше друга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marijaaa

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Истите причини за респект би можело да се најдат и кај јеховини сведоци со таа разлика што тие за разлика од веганите, играат на појак ризик, на коцка е животот вечен :kafe
Не постои веган кој нема проблеми со здравјето, многу имаат и со нервите а богами и со други ствари ама глумат лудило, и тоа тешко лудило, обично на виртуелни платформи.
Стварта е да во човековата потреба да се има некаква припадност, да се биде во група, трајбализам и тие работи, што и не е лошо само по себе, само што изгледа се` сфаќаат самите себе премногу сериозно поаѓајќи од моралниот аргумент кој налагал да не се убивале животињи бидејќи убивањето на растенија било ок...

Сериозно спореди вегани со јеховини сведоци? :D

Не се согласувам дека не постои веган кој не е болен, познавам доста и ниеден од нив не е болен, напротив. Една од нив дури и ја помина бременоста со оваков начин на живот, без никаков проблем.
Не разбирам зошто толкав хејт за луѓе кои ценат нечиј живот. Баш поради ова ги сакам, иако ме имаат јако истрауматизирано со некои видеа и единствено криви се затоа што не дадоа никакво предупредување за луѓе со слабо срце и нерви, али реалноста е таа, тие одвратни работи навистина се случуваат и за тоа веганите се најмалку криви.

Растенијата не чувствуваат болка и немаат емоции.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Marijaaa

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Сериозно спореди вегани со јеховини сведоци? :D

Не се согласувам дека не постои веган кој не е болен, познавам доста и ниеден од нив не е болен, напротив. Една од нив дури и ја помина бременоста со оваков начин на живот, без никаков проблем.
Не разбирам зошто толкав хејт за луѓе кои ценат нечиј живот. Баш поради ова ги сакам, иако ме имаат јако истрауматизирано со некои видеа и единствено криви се затоа што не дадоа никакво предупредување за луѓе со слабо срце и нерви, али реалноста е таа, тие одвратни работи навистина се случуваат и за тоа веганите се најмалку криви.

Растенијата не чувствуваат болка и немаат емоции.
Секако дека чувствуваат болка и имаат емоција, и тие растат, се развиваат, размножуваат како и сите други Ж.О. но бидејки немаат уста ниту пак глас да крикнат не значи дека се бесчувствителни. Но веганите за разлика од месождерите или анималокилерите не ги убиваме растенијата туку ги јадеме нивните плодови што и така би паднале на земја без да ги береме ние. Со тоа вршиме и размножување на нивниот вид. Пример скинеш јаболка и ја изедеш а семката ја засадиш да расте.
Сега тука би се вклучил егзистенс со (и ние свињите пред да ги убиеме ги размножуваме па им го кркнеме вратчето) а пред да им го кркнат вратчето ги скршат од батина, од пцуење, токсицирање . и бла бла работи

Истите причини за респект би можело да се најдат и кај јеховини сведоци со таа разлика што тие за разлика од веганите, играат на појак ризик, на коцка е животот вечен :kafe
Не постои веган кој нема проблеми со здравјето, многу имаат и со нервите а богами и со други ствари ама глумат лудило, и тоа тешко лудило, обично на виртуелни платформи.
Стварта е да во човековата потреба да се има некаква припадност, да се биде во група, трајбализам и тие работи, што и не е лошо само по себе, само што изгледа се` сфаќаат самите себе премногу сериозно поаѓајќи од моралниот аргумент кој налагал да не се убивале животињи бидејќи убивањето на растенија било ок...

Хомо сапиенсот е омнивор од Д1, 200К години и нешто кусур.
Ако не ловеа месо, немаше сега да ги куцате овие постови на форум, тоа е реалноста...
грешиш батко
 
Последна промена од модератор:

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Секако дека чувствуваат болка и имаат емоција, и тие растат, се развиваат, размножуваат како и сите други Ж.О. но бидејки немаат уста ниту пак глас да крикнат не значи дека се бесчувствителни. Но веганите за разлика од месождерите или анималокилерите не ги убиваме растенијата туку ги јадеме нивните плодови што и така би паднале на земја без да ги береме ние. Со тоа вршиме и размножување на нивниот вид. Пример скинеш јаболка и ја изедеш а семката ја засадиш да расте.
Сега тука би се вклучил егзистенс со (и ние свињите пред да ги убиеме ги размножуваме па им го кркнеме вратчето) а пред да им го кркнат вратчето ги скршат од батина, од пцуење, токсицирање . и бла бла работи

грешиш батко

Не сите вегани се фруитаријани. ;)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сериозно спореди вегани со јеховини сведоци? :D

Не се согласувам дека не постои веган кој не е болен, познавам доста и ниеден од нив не е болен, напротив. Една од нив дури и ја помина бременоста со оваков начин на живот, без никаков проблем.
Не разбирам зошто толкав хејт за луѓе кои ценат нечиј живот. Баш поради ова ги сакам, иако ме имаат јако истрауматизирано со некои видеа и единствено криви се затоа што не дадоа никакво предупредување за луѓе со слабо срце и нерви, али реалноста е таа, тие одвратни работи навистина се случуваат и за тоа веганите се најмалку криви.

Растенијата не чувствуваат болка и немаат емоции.

Најсериозно, луѓето проповедаат, буквално и преносно, не постои веган кој не проповеда. Јеховашите исто се проповедници, само што се помалку напорни бидејќи културно звонат на врата, па ако ги примиш ок, ако не ќе си одат - за разлика од веганите на кои директно мора да им кажеш да не те замараат.
Сите имаат проблеми само што не ти кажуваат, и овие тука на форумот имаат проблеми, само глумат лудило.
@existence нека ти каже за канибалскиот напад кој го доживеал од страна на веган :zelen

http://www.pri.org/stories/2014-01-...may-forever-change-how-you-think-about-plants
http://www.theguardian.com/notesandqueries/query/0,,-83446,00.html

И тоа како осеќаат болка и имаат (рудиментарни) емоции, одамна ти имам пратено вакви линкови :kafe
Дури и да не осеќаат ништо (а осеќаат) работата е што со нивно сечење и јадење бидуваат убиени. Дали убивањето не е убивање доколку ентитетот кој бидува лишен од живот е лишен безболно? Тоа значи дека моралноста на убиството се разграничува само од количината на бол која притоа се предизвикува.:unsure

Нема хејт према вегани, има само здрав разум. Ако не ги прифаќам нивните теории и проповеди тоа не значи дека ги хејтам. Реалноста е дека компирот пати во тишина :D, го корнат бездушно од земја и го ставаат да се вари на 100 степени, само што неможе да ја изрази болката на начин за човекот да ја разбере. А животињите можат, јагнето милозливо гледа кон касапот, свињите квичат и се серат пред клање, кокошките трчаат без глава и прскаат крв... сето тоа е препознатливо на човекот и затоа на некои им е грозно тоа. Растението си пати без човекот да разбере...

Не, не, остави лажење, вегански свети списи и сл. јас онака од чиста логика мислам дека човекот дури и да јадел месо, не би јадел толку често и би јадел месо од некои помали животинки како птици, глодари и сл.
Чисто само од најобично набљудување можеме да дојдеме до заклучок дека човек без оружје не би можел да совлада крава или свиња.
Остај ги термините и нивните ограничувања, поентата ми беше друга.

Таа е еволуцијата, тие се човечките органи какви што се, тие се психомоторните способности како резултат на еволуцијата, тоа е неуронската мрежа во умот, тоа е креативноста (пештерските слики на лов, ениуан?) и тоа е хомо-сапинесот.
Ова што го тврдиш не е логика, се вика вишфул тинкинг и нема некоја особена врска со логиката:)
Еве пак ќе напишам, на друг начин, не е проблем. Човекот отсекогаш имал орудија за лов, откако постои хомо-сапиенс, ниту еден ден не поминал без лов, риболов и собирање. Тоа што те буни се некои далечни еволутивни гранки, заеднички за приматите кои немале орудија. Сепак јаделе месо.
Е сега ако се навратиме пар милијарди години поназад, ќе утврдиме дека потекнуваме од едноклеточни битија кои се делат со проста делба...што не значи дека и сега треба да се делиме така, иако би било згодно човек да може да се мултиплицира:kafe
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Најсериозно, луѓето проповедаат, буквално и преносно, не постои веган кој не проповеда. Јеховашите исто се проповедници, само што се помалку напорни бидејќи културно звонат на врата, па ако ги примиш ок, ако не ќе си одат - за разлика од веганите на кои директно мора да им кажеш да не те замараат.

Знаев дека ќе се фатиш за фанатизмот. Такви сме ние луѓето, жестоко се бориме за нашите идеали и за она што сметаме дека е вистина. Зарем не сме и ние фанатици? :) Поентата ми е, ги почитувам затоа што ценат туѓ живот и прават „жртва“ во врска со тоа.

http://www.pri.org/stories/2014-01-...may-forever-change-how-you-think-about-plants
http://www.theguardian.com/notesandqueries/query/0,,-83446,00.html

И тоа како осеќаат болка и имаат (рудиментарни) емоции, одамна ти имам пратено вакви линкови :kafe
Дури и да не осеќаат ништо (а осеќаат) работата е што со нивно сечење и јадење бидуваат убиени. Дали убивањето не е убивање доколку ентитетот кој бидува лишен од живот е лишен безболно? Тоа значи дека моралноста на убиството се разграничува само од количината на бол која притоа се предизвикува.:unsure

Нема хејт према вегани, има само здрав разум. Ако не ги прифаќам нивните теории и проповеди тоа не значи дека ги хејтам. Реалноста е дека компирот пати во тишина :D, го корнат бездушно од земја и го ставаат да се вари на 100 степени, само што неможе да ја изрази болката на начин за човекот да ја разбере. А животињите можат, јагнето милозливо гледа кон касапот, свињите квичат и се серат пред клање, кокошките трчаат без глава и прскаат крв... сето тоа е препознатливо на човекот и затоа на некои им е грозно тоа. Растението си пати без човекот да разбере...

Знам дека ми прати, и претходно имам читано за ова. Одбивам да верувам, во спротивно ќе треба да се самоубијам. :D