На пазарот на божанства никогаш немало толку разновидна понуда, постои избор помеѓу десетици илјади активни и неактивни, некои слабо употребувани уште од времето на Феникија или Толтечкото кралство, некои џигит нови како оние на Раелијанците, човек и кога би бил религиозен не би знаел што да избере, а да се ограничи на оние во кои верувале неговите родители не е добро, не носи тоа напредок, најпаметни излегоа Јахве и Алах засега, имале очигледно најјак сенс за маркетинг, имаат најголем дел од пазарот али и Хинду пантеонот се држи одлично. Амон, Зеус и Баал се нешто како Енрон или Охис, пропали ентитети.
Последна промена: