Досадна беше утакмицата на Ливерпул, ама па јас мислам дека малку подобро играа од претходните утакмици. Морено не сакам да го гледам, ептен ме нервира, Лалана исто, глуми дека е најјак на свет и дрибла се прави мангуп. Јас да се прашувам прво нив одма би ги шутнал. Среќа не ја ставив чиста двојка па се спасив, ме фати еуфорија и си мислев ќе победи Ливерпул, среќа ми дојде памет на време.
Не треба одма да се очекуваат резултати, затоа и се предомислив. Оваа сезона нема ништо да биде, мислам дека ни во борба за 4то место нема да е Ливерпул. Ама од следната.
Сити растурија буквално, Челзи гледам победиле ама џабе, јас нерешено ја ставив
. Арсенал ја скокнав, а сега гледам и зошто сум бил во право.
Јунајтед како за инает победија
дека ги ставив да изгубат. Како им влегоа уште од почеток, исто како Арсенал што им влезе на нив претходното коло.