Zdravo, nova sum na forumov i bi sakala da mi pomognite, da mi dadete sovet
Imam 21 god. i imav dechko 24 vo koj bevme vo vrska 6 meseci. Se beshe dobro vo prvite 3 meseci no potoa toj go pokazha vistinskoto lice. Prvite 3 meseci se beshe okej, mi nemashe ton povisheno, ednash ne mi se obrati so pogrd zbor, izleguvav so negovoto drushtvo itn.. No posle nekoe vreme toj poleka poleka pochna da mi zabranuva nekolku raboti : mu smetal mojot fb -jas go deaktivirav, mu smetale moite drugarki i drugari i mi kazha deka nebilo normalno to shto sum imala drugari i jas gi otkachiv poradi nego, izleguvav samo so nego i so nikoj drug, ako ne mu krenev na mobilen mi se luteshe 2 dena i ne mi odgovarashe na povici,sms... Ednostavno toj se promeni kon mene. Pochna da me omalovazhuva pred drugarite demek se shto kje kazham se gluposti. Pred 6 denovi izlegov jas so drugarkite posle tolku vreme i mu kazhav deka kje izleguvam i toj mi kazha koj sum jas da mi kazhuvash i mi klade kraj. Jas vo ovie 6 denovi se otepav od molenje da izlezi so mene i nesaka. Mi veli deka me saka ama nemozhel da dozvoli toa shto sum go izlazhala oti ne sum mu kazhala a jas nego mu se javiv i mi kazha deka koj bil toj da mu kazhuvam. Mnogu e za gref i mnogu me nervira poshto preuvelichuva neshto shto ne bilo. Jas i den deneska go molam da izlezi da se vidime a toj nesaka... Jas premnogu se smeniv poradi nego i se ostaviv a toj na nekoj nachin si igra so mene i svesna sum ama ete go sakam.
Ve molam dajte mi nekoj sovet. Go sakam stvarno so nego pominav tolku mnogu raboti vo ovie 6 meseci i nesakam da bide zaludno. (((
Ја прочитав целата дискусија, и неможев да се воздржам, а да не одговорам.Јас толку него го сакам што јас неможам да замислам да бидам со него и да му се одмаздам. Потешко мене ќе ми биди така, а и не сум по природа злопамтило... Подобро ќе биде да се тргнам па ако ме побара нека ме побара. Сигурна сум дека ќе ме побара ќе свати што изгубил. Ама пуст негов инает и ако има 23 год мислам дека не е дораснат за годините иако ми велеше дека јас сум таја што допрва треба да созрева.
Ти девојко си заслепена, извини ама ќе бидам многу реална сега, и груба на речник, зашто стварно ме нервираат вакви ситуации.
Како можеш да си дозволиш некое копито така да те третира стварно не ми е јасно, знам, заљубена си во него, го сакаш премногу и се' тоа ... јасно ми е, ама кај ти е границата на здравиот разум и свест, и самопочит?
Како можеш да си дозволиш ради „некој“ ти да ги направиш следниве ствари:
- Да го деактивираш твојот ФБ - средство за комуникација со твоите пријатели.
- Му сметале твоите другарки и другари, и не било нормално ти да имаш другари WTF ???
Извини ама што си му ти роб на него? Што сака он, да те ограничи и да те стави во кафез, да си му негов роб ли?
И како тоа не било нормално ти да имаш другари, што сака он, ти само со другарки да се дружиш ... дури и другарките твои му сметале.
Па мене дечко ми (да го имам) и да ми забрани јас да се дружам со моите другари, тука ќе му е крајот, после таа кажана реченица, одма ставам крај, без око да ми трепне.
Затоа што после такво нешто кажано, он автоматски пробува да ми стави ланец и ограничување, а јас сум последната личност што тоа би го дозволила мене некој да ми стави ланец и да ми кажува што јас да правам во мојот живот, и со кого јас да се дружам.
Јас имам многу другари, и мојата последна врска (поточно не стигна ни до врска ситуацијата) јас ја прекинав токму од таа причина, што уште од старт он се обиде да ми наметнува негови лични ставови и да ме доминира, и да ми ограничува јас со кого да се дружам во мој личен приватен живот.
И толку му беше, после тој муабет, одма без око да ми трепне му го покажав патот, и прекинав секаква комуникација со него, зашто јас сум личност што никогаш нема да дозволам некој мене да ме ограничува и да ми кажува што јас да правам, и со кого да се дружам, а особено не некој нов во мојот живот да ми кажува јас да не се дружам со моите другари, што ги знам многу подолг период од него.
Незнам како може да дозволиш на некој да си му како кукла на конци, и он да ги влече конците во твојот живот, он да си игра со тебе, он да одлучува наместо тебе, он да ти кажува што да правиш и сл.
Извини, ама тоа е непочитување кон самата себе, ти буквално си му него потчинета и трпиш секакви пиздарии од него ... отвори си ги очите додека е време, не дозволувај некој идиот да си поигрува со тебе!
Да не го ширам премногу постов, имам уште многу да пишувам, ама ќе биде како реферат.
За крај, како шлаг на тортата како си можела да дозволиш да те омаловажува пред другарите?
Премногу си му дозволила - ПРЕМНОГУ ... незнам јас веќе што повеќе да кажам ...
За крај, у мој стил, еве ти една песна, читај ја внимателно (малце е двосмислена) али има порака у песната, читај ја внимателно и извлечи поука
Особено стихов:
They say that life's a carousel
Spinning fast, you've got to ride it well