Така де, МАНУ треба да издадат Правопис на македонскиот стандардизиран јазик кој што ќе биде конечно решение на сите дилеми. Исто треба и да го ажурираат редовно како што јазикот еволуира. Арно ама кај нас МАНУ е збиралиште на професори кои што земаат плата за дремење и тоа ќе се случи некогаш можеби во 2300+ година.
Оддамна се работи на нов правопис.
Го работат Симон Саздов, Искра Пановска - Димкова и уште неколку други фацки.
Викаа дека треба да излезе до мај, потоа го пролонгираа до август, сега не сум запознаен до кога го имаат пролонгирано.
Битно, во новиот правопис и толковен речник, конечно ќе знаеме кога јадеме/пиеме чоколадо, а кога чоколада. Ќе знаеме зошто темниот вокал од турцизмите се пишува со А, а не со У или О како што би требало да биде.
Кој чекал, дочекал, така викаат. Па ќе видиме.