Не сум фан на политика само си кажувам свое мислење е арно ама коа ќе кажеш ми се допаѓа таа и таа мерка од страна на владата одма ќе те крстат вмро , а коа ќе кажеш тоа и тоа не ми се допаѓа никому ништо.Ти си фан на политика?
Каква бре мерка сакаш? Тоа што владата немаше 30К€ за да спаси живот на мало дете кое што е само еден пример (ги има и ги имало уште многу), ама затоа има да дава плати на луѓе кои не знаат каде им е работното место, врби од 100К€ која од која полична, палми во градовите за да не се осеќа до толку мртвилото кое го створи? Влада која што го дели народот на „наши“ и останати? Која мерка ја сакаш? Субвенции за земјоделие кои што на крај пак ги враќаш преку цената на производот што го продаваш? Која мерка што ја донесе владава во деценискава пwewoдба ја сакаш и мислиш дека е за пофалба?Не сум фан на политика само си кажувам свое мислење е арно ама коа ќе кажеш ми се допаѓа таа и таа мерка од страна на владата одма ќе те крстат вмро , а коа ќе кажеш тоа и тоа не ми се допаѓа никому ништо.
Немој жити се, читаат тука луѓе блиски од власта. Шо ќе каже утре жена ми кога ќе ја избркаат од работа? Или недај боже да ми укинат субвенција само затоа што сум допуштал други да какаат по форуми?Оти да дигнат глас? Има и полошо.
Трошењето ненормални (народни) пари за врби, палми, огради, фонтани, фасади, споменици... зазеде епски размери. Тоа што поголемиот дел од граѓаните не го дигнаа својот глас против е поразителен знак дека народот нема доволно развиена свест за своја држава. Се плашам дека и со знаење не стоиме најдобро. Иднината не е розева...
За жал има. Види Грција, само без редици за банкомат.