Љубопитност

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Ми имаат кажано дека сум многу радознал и самиот сум свесен за тоа, дека се ме интересира и дека сакам да знам работи што не би требало да ме занимаат или работи што нема да ми легнат добро откако ќе ги дознаам...

Јеби га, тоа ти е. Мајка природа (и татко карикатурист).

Али ваљда не претерувам. Тоа што ме интересира се она, знаеш, чаршиски муабети. Кој со кого се онадил* и сл.

Порано имав и голема желба за знаење. Буквално глад. Сега пари да ми даваш не можам да се натерам книга да фатам. Не дека не ме интересира да научам за некои работи... Едноставно има подобри начини да се помине времето на 25 години. А башка што тоа е и последица на 5+ години посветени на факс што не ме занимаше баш и нешто многу.

*Онадил=фатил, кецнал, скарал, изневерил... итн.
 

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
39
рајска градина
Хммм не би рекла дека љубопитноста е знак на интелегенција, повекето љубопитни што ги знам врска си немаат од животот. Јас позитивно во љубопитност гледам само кај што се зборе за повеќе знаење и надоградување на личноста без да се наштети на други, се што е да се наштети на некого значи дека човекот не е задоволен од својот живот зошто инаку би немал време да се занимава кој што рекол и направил.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Интересно за оваа тема и за идејата зошто ја отворив е тоа што не сум знаела до ден денес дека радозналоста се вбројувала во позитивните човекови особини.Радозналоста била продуктивна и сите луѓе што се радознали се поинтелигентни од другите,имаат подобар друштвен и љубовен живот,подобро учат,работат.
Дали мислите дека навистина радозналоста е позитивна особина и имаме ли на форумов таква радознала интелигенција!??
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Па без желбата за сознание никогаш не би мрднале од гранките.
Радозналоста како особина ја препишуваат повеќе на женскиот ред и беше во категоријата на негативни особини или турање нос во туѓи работи, погрешно го разбираа поимот.Радозналост е желба за знаење, за учење нови работи и начини како правилно да се протолкуваат и разберат некои работи, да се умее како да се поставуваат прашања а не како што мислат дека радозналоста служи за трачарење....
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Љубопитност.
Grammar Nazi...

Инаку позитивна особина, освен што ја убила мачката. Не гледам зошто би била поизразена кај женскиот пол.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Љубопитност.
Grammar Nazi...

Инаку позитивна особина, освен што ја убила мачката. Не гледам зошто би била поизразена кај женскиот пол.
Ако е нависитна позитивна особина, зашто тогаш никој не ги "сакаме" радозналите луѓе што сакаат се да знаат па уште и се зафркаваме со нив кога ке постават некое прашање на пр.што правиме...одговорот ни е -Е**ме радознали.
Радозналоста знае да биде и контрапродуктивна и да донесе некогаш незадоволство и разочарување!
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тоа за кое зборуваш е немање општа култура. Многу луѓе не знаат каде е црвената линија во една конверзација и прашуваат работи кои се приватни и не би требало да ги интересираат. Љубопитност во комбинација со глупоќа веројатно...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Радозналост.
ЕЈ, замисли го светов, без радозналоста на Колумбо, Никола Тесла и сличните.
До душа и Фројд бил радознал кога сакал да дознае дали се лечи со друга, па ете што испаднало.
Ме иритираат такви студии во кои од под перница се вадат некои статистики.
Жените биле порадознали од мажите.
Ова е точно, колку што е точно дека жените повеќе трачаат од мажите.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Како што стапчето има два краја или завршетоци,така и радозналоста си има своја добра и лоша страна.Доколку се случи да бидете радознали со пријатели којшто несакаат да откриват детали за себе,а вие упорно настојувата да дознаете нешто повеќе,во ваквиот случај поради вашата радозналост повеќе од сигурно е дека ќе го изгубите вашиот пријател засекогаш.
Добрата и продуктивна страна на радозналоста е тоа што се повеќе и повеќе би се наградувале во текот на цел живот,учите работи за кој воопшто не сте прочитале никаде или слушнале.За да се биде многу радознал,потребна е огромна предпазливост,во спротивно би била контрапродуктивна.Радозналоста не се учи,таа се раѓа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja