1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Љубопитност

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од melpomena, 10 декември 2013.

  1. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Често пати налетувам на луѓе кои не само што се самите тие љубопитни,обвинувајќи ја околината како наводен потенцијален радознал објект за нив,пробуваат да се сокријат зад тој параван.
    Нема да ве прашам дали се сметате самите за љубопитни и дали ви сметаат љубопитните луѓе.
    Тие одговори се однапред познати.
    Дали радозналоста е повеќе продуктивна или контрапродуктивна.
    Колку сме самите свесни за својата радозналост?
    Дали воопшто знаеме да ја распознаеме вистинската љубопитност?
    Зошто воопшто постои овој феномен кај човекот за знаење за туѓите животи?
    Каква корист од сето тоа?Паралелна споредба со самите себе си и начинот на кој живееме или чиста разонода?
    Ако воопшто не постоеше љубопитноста како особина,доста работи не би постоеле денеска.
    Но каква корист од љубопитноста за таканаречени трач муабети?
    Љубопитноста е знак на ителегенција,но под тоа не се подразбираат трачевите и оговарањата туку едноставното прашање зошто?
    Може ли љубопитноста да биде креативна?
     
    На ●Untouchable°, Outrider, MissChievous и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Arhangel Uril

    Arhangel Uril Нов член

    Зачленет на:
    10 декември 2013
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    5
    што подразбираш под поимот радозналост? трач муабет? навистина да дознаам за некој што право во животот или пак да научам нешто во врска со науката, филозофијата, или билошто што не го знам и ме интересира?
     
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Да не постоела радозналоста како една од фундаменталните карактеристики на човекот (а и на животните) светов сѐ уште ќе бил во онаа доба на примитивност. Ниту ќе се отркиел огинот, ниту ќе сме дознаеле нешто повеќе за оние светли точки што ја осветлуваат ноќта.
    Јас секогаш викам дека сум многу радознал човек. Во прилог на ова мое тврдење оди тоа што ме интересира да ги дознавам и најситните детали од животот на моите блиски - но, тоа не го „истражувам“ за да имам материјал за озборување, туку едноставно таква потреба си чувствувам, мислејќи дека ако ги знам и тие работи полесно ќе можам да им излезам во пресрет во моментите кога ќе им треба помош.
    Како што еднаш си запишав на мојот блог (кој патем многу ми недостига) „ Милувам да им ја слушам тишината на моите сакани. “ - а тоа не се постигнува ако претходно не сум бил радознал.
    1. Колку сме самите свесни за својата радозналост?
    - Колективно, не би знаел да одговорам, но ако прашањето си го насочам само врз мојата личност, тогаш би рекол дека сум прилично свесен. Зошто би го рекол тоа? Па затоа што си се наоѓам себе си во ситуации каде што прашувам работи што не треба да бидат прашани - а кога ми одговараат, сум среќен до небото, кога не ми ја задоволуваат потребата сум тажен и го чувствувам студот на адот.
    2. Дали воопшто знаеме да ја распознаеме вистинската љубопитност?
    - Вистинската љубопитност? А која е лажната? Некако прашањево ми нема смисла или не успевам да ја пронајдам. melpomena те молам прецизирај го, не ми функционира мозокот очигледно.
    3. Зошто воопшто постои овој феномен кај човекот за знаење за туѓите животи?
    - Зошто воопшто постои феноменот за потреба од храна и вода на секое живо суштество?
    Ова болдираново е дел од тешко одговорливите прашања. Би рекол затоа што сме така креирани...да не привлекува непознатото, да не интересира што има зад прекривката на црнилото.
    4. Каква корист од сето тоа? Паралелна споредба со самите себе си и начинот на кој живееме или чиста разонода?
    - И тука не можам да дадам колективен одговор. Свртувајќи се кон себе си, би рекол затоа што сакам да знам како функционира мозокот на мојот ближен, а по некогаш и на оној што ми претставува енигма. Имам некоја чудна потреба на секое зошто? - да го пронајдам неговото затоа.
    5. Но каква корист од љубопитноста за таканаречени трач муабети?
    - Тоа е прашање на персонални потреби. Некои луѓе едноставно се задоволуваат од ширење и примање во себе невистини кои автоматски ги регистрираат како апсолутна вистина. - барем јас така го толкувам тоа.
    6. Љубопитноста е знак на ителегенција,но под тоа не се подразбираат трачевите и оговарањата туку едноставното прашање зошто?
    - Ако ipopovski не бил љубопитен за да види како би функционирал форум на црнобело, би го пишувал ли јас сега ова мислење? Ако јас не сум бил љубопитен да видам како изгледа „од внатре“ погледот кон форумов би броел ли за 1000 и некое мислење повеќе овој форум? На крај, дали ако ти не си била радознала за мислењата на луѓето околу радозналоста би ја отворила ли темата? Јас сметам дека љубопитноста радозналоста подразбира живот или поконкретно живост. Секоја жива индивидуа функционира затоа што има степен на радозналост во себе, ако би немала, би седела затворена во една просторија не чувствувајќи ништо околу неа - не би имала потреба од радозналост да дознае како се чувствува кога правиш чекори по земјата.
    7. Може ли љубопитноста да биде креативна?
    - Креативноста е во основа сета детерминирана врз љубопитноста. Никој творец не би создал ништо, ако не застанал и не погледнал што се крие во неговиот мозокот.
     
    На ●Untouchable°, Boyle, True_Blood и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Arkantos
    2. Дали воопшто знаеме да ја распознаеме вистинската љубопитност?
    Или тебе не ти работи мозочето,односно мозокот,или јас не се изразив добро.
    Еве еден класичен пример форумски.
    Многу често чинам и ти се секаваш налетуваме на форумот на реченицата ....тој и тој многу се интересира за тугите животи.
    А што ги навело тоа да го помислат?
    Лично некој ги прашал нешто за нивниот личен живот?
    Дознале од некаде дека некој се распрашува за нив.
    Или тргнувајќи од себе дека тие се распрашуваат,еквивалентно демек на тоа е дека и за нив истиот се распрашува.
    Ако некој ги коментира нашите постови дали тоа афтоматски значи дека оној што ни ги кометира е љубопитен а притоа никогаш никаде ништо не потпрашал за нас? :)
     
  5. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Ако некој ги коментира нашите постови - кои воопшто не биле насочени кон тој некој, а во кои притоа сме збореле за некој рандом факт за нашата личност/приватност, а тој некој останал и го читал постот до крај, потоа го искористил во друга прилика - автоматски љубопитноста остај што му работела за да чита до крај, па и го натерала тоа дословно убаво да го меморира :)
    Не се дознава за нечија личност, приватност, карактер само од прашања - таквите прашања само ја олеснуваат работата, но постојат и други методи и принципи :)

    Јас би рекол, да не сме биле јас и ти радознали за туѓи мислења, животни приказни, соништа, потреби, факти, немало да сме членови на форумов.
    Само, работата е, кој како ги искористува тие информации кои ги собира од љубопитност. Некој ги чува во себе, некој ги извртува во своја корист, друг ги извртува со намера да направи смешна ситуација...секој со својата перцепција и потреба.
     
    На ●Untouchable°, Prashina и melpomena им се допаѓа ова.
  6. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Токму така.Значи сите до еден поседуваме љубопитност во себе.
    Но директното распрашување,индиректното(по некои трети лица) и она спонтаното дознавање ја чинат љубопитноста поинаква и со поинакви цели.
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,995
    Допаѓања:
    9,624
    Дали радозналоста е повеќе продуктивна или контрапродуктивна?
    Зависи до степенот на радозналост. Ако си слепо заврзан за одредена радозналост, нема сила која би те освестила да мрднеш од тој магичен круг.

    Колку сме самите свесни за својата радозналост?
    Пак зависи од степенот. Оној кој е свесен за да биде подобра личност, ќе знае кога да престане со преголемата љубопитност.

    Дали воопшто знаеме да ја распознаеме вистинската љубопитност?
    Вистинска? Добро ај да речеме како лично би ја дефинирал вистинската, тоа е радозналоста која би ме направила подобар човек, љубопитност која гради став околу нештата, а не која ќе ме натера слепо да верувам според некакви си претпоставки, или пак која ќе ми го стесни погледот на останатите непознати реони кои тек допрва треба да бидат истражени.

    Зошто воопшто постои овој феномен кај човекот за знаење за туѓите животи?

    Знаење? Или пак со сила знаење? One does not simply know the truth only by the things that the other has posted them on net. Или во превод: мислењето дека се знае исклучиво од едната страна, е недоволно за хипотезите кои следат после тоа изградени само од нештата кои едниот ги пласира.

    Каква корист од сето тоа?Паралелна споредба со самите себе си и начинот на кој живееме или чиста разонода?

    Најчесто би требало да почне како разонода. Се` што почнува е разонода всушност - бидејќи е ново, недоволно истражено, занимливо. После тоа доаѓа разграничувањето при здрава свест колку треба да се запре.
    Но каква корист од љубопитноста за таканаречени трач муабети?
    Скоро никаква. Зошто велам скоро? Добро е да се знае зад кој коњ се крева најмногу прашина, но глупо е да се прашува секој човек, каква е прашината, колку коњот има криви заби, раса, итн. Можеби едно универзално прашање би било доволно - Зошто? И да се согледаат двете страни.

    Љубопитноста е знак на иНтелегенција,но под тоа не се подразбираат трачевите и оговарањата туку едноставното прашање зошто?
    Интелегенцијата е сосема друг свет, јас би го нарекол капацитет на сфаќање на работите. Секакви, не само трачеви и оговарања. Љубопитноста може да ја поттикне интелигенцијата, но и не мора. Чисто од љубопитност ако запалам џоинт, не ме прави интелигентен.
    Може ли љубопитноста да биде креативна? Е тука повеќе би ги изедначил тие два поими. Љубопитноста може да вроди креатива, бидејќи со љубопитноста доаѓа и искуството, со искуството доаѓа и пронаоѓање на многу различни начини и пристапи кон стигнување до одредената цел.
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Сто година живи тко у туџа посла не вири :cool:
    Не знам, љубопитноста во однос на луѓе со кои имаме некаква реална интеракција во животот или со луѓе кои ни значат е нормална. И пожелна секако. Екстремната незаинтересираност за блиските под маска на почитување приватност е забегана. Исто како и претераната љубопитност што носи комшијата во ќесето и колку зема плата...
    Секако постојат граници и во однос на блиските така да секој треба да си знае до каде би требало да оди.

    Љубопитност во стилот на филозораптор е пожелна и забавна. :)
     
    На Arhangel Uril, MoonFairy и melpomena им се допаѓа ова.
  9. smeska

    smeska Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 декември 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    53
    На прашањето ,, Може ли љубопитноста да биде креативна? '' ќе одговорам потврдно ... секако дека може ... Ако сме доволно љубопитни и мотивирани да истражуваме нови нешта , за кои останатите помалку се залагаат може да дојдеме до многу интересни резултати ... Сега што е креативното овде ? Креативното во тоа е дека со нашите откритија можеме на лесен и креативен начин да ги ,,навлечеме,, и останатите да не поддржат во мотото љубопитноста да ја направиме добра особина во човештвото , а не само алатка за создавање на маалски муабети и озборувања :) позз
     
  10. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Чинам дека темава суптилно е повеќе насочена кон пикање нос у туѓ живот, затоа ќе кажам дека сите помалку или повеќе сме биле и сме љубопитни за Јанка, Станка, Митре... и тоа не го сфаќам трагично до оној момент кога си определуваш за дневна активност разгледување на нечиј општествен, љубовен и социјален статус и си земаш за право да бидеш толку „љубопитен“ што веќе и му нанесуваш зло на тој кој ти е земен на пик. Под зло мислам на нашиот балкански закоравен менталитет да се храниме душевно со нечии проблеми и да сме толку креативни што секогаш си ги зачинуваме со наши примеси.

    Муабетов е у стилу, боље око да ти извадат отколку муабет.

    А, сега за продуктивната љубопитност која и те како е важна за секој поединец, воопшто за напредокот на едно општество.
    Што ќе се случи ако сме сите дебили, незаинтересирани за ништо чија основна цел е преживување?
    Љубопитноста е моќна алатка за стекнување искуство, проширување хоризонти и е неопходност за развивање.
     
    На Arkantos, Electra, Saladin и уште 1 член му се допаѓа ова.

Сподели: