Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.
Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
- Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
- Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
- Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.
Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.
Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.
Значи ти прво очекуваш партиите да пропаднат па после тоа да излезеш на протест? Good luck with that. Само кој протест би бил тој, јас не знам.Вчера беше протест на сдсм ако не се лажам- се што е партиски направено не признавам, а ова денес контра протест на оној од вчера.
Го отупеа више со бомби, лаги, препирки, крадења, прислушкувања, бранења....набедувања и да не набројувам.
Сега многууууу е битно дали вчера или денес имало повеќе, дали вчера или денес имало забрани за автобуси, дали вчера или денес добиле сендвичи.....Многу е битно....така се гради бре држава, БРАВО ЗА СИТЕ!!! Срамота и за едните и за другите.
Тек сега ќе гинат невини луѓе. Битно е партијата да си ја одбраните а не своите најблиски и најсакани. (значи да не ме рабере некој погрешно, ниеден мој пост не е упатен на ниту еден член тука, само си го изразувам револтот кон се што се случува во оваа наша џунгла)
Само виктор ќе го спомнам, немој душо, да грешиш душа, не знаеш која е маката на родител кога знае дека може во секој момент да го изгуби своето дете, се труди, а нема како да помогне. Не дај боже никогаш да дознаеш. Каков е животот понатаму на тоа семејство. Каков е живото на тие луѓе, кога се трудат се да направат за своето чедо, кога ќе ги потрошат сите пари, а знаат дека може и нема да ја побетат битката. НЕМОЈ те молам. Пошто јас заедно со сите нив кои го изгубиле детето, братот итн го преживувам тоа што го имам веќе еднаш преживувано. Кога се правевме брат ми да го спасиме, кога имавме како(финансии) но не успеавме. Едноставно злото не прашува. Немој зошто и после 20 години, болката не се намалува ни за ронка. СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МАРАТОНСКИОТ ПОСТ
Значи и таа половина што ја спомнав дека не се ниту од една страна, штом биле вчера значи сепак биле од опозиција ама не кажувале, срам да им е.Ама зајко беше таму.....се додека некој од нив е таму партиски е
Да нема никој од нив
Присуството на протест не ме прави партиски активист. Едноставно е - незадоволен сум од оноа што власта досега го изработила.Епа тогаш значи нема неутрални. Нели не чинат ни едните ни другите, зошто да се мачам да ги слушам тогаш??? За да ме заведат. Дајте да им покажеме дека не ги сакаме. Ако идеме кога се и они таму, тие ќе мислат со нив сме.
Точно, затоа и не ги сакам нив, а ни оние кои купуваат вили и оставија пола држава без работа, и не ги гласам никој од нив.
Според мене да, опозиција се, пошто со тоа шшто излагаат, зајко си мисли а и така му одговара да се за него. Не му е него битно дали они се неутрални, дошле битно него да го поддржат.