Пошто овде сите се неутрални изгледа, зошто ние не се договориме да протестираме сите да си дадат оставки??? И од едните и од другите, да бараме оставки од сите... да дојдат сосема нови ликови, млади, надежни? Зошто да мора да излегуваме за сдсм или вмро??? Епа да излагам за партија не е исто што и излагам за народот. Значи да излеземе не партиски, не платени...Да излеземе за нас, а не за некој да добие бодови. Ау да....ќе не убијат, пошто не смееме ние така..мора да ги сакаме едните или другите. Не смееме да имаме друг избор. Оние за сдсм ги напаѓаат од вмро и обратно....нормално....секогаш е лош туѓиот. Го отупеа више со бомби, лаги, препирки, крадења, прислушкувања, бранења....набедувања и да не набројувам.
Сега многууууу е битно дали вчера или денес имало повеќе, дали вчера или денес имало забрани за автобуси, дали вчера или денес добиле сендвичи.....Многу е битно....така се гради бре држава, БРАВО ЗА СИТЕ!!! Срамота и за едните и за другите.
Тек сега ќе гинат невини луѓе. Битно е партијата да си ја одбраните а не своите најблиски и најсакани. (значи да не ме рабере некој погрешно, ниеден мој пост не е упатен на ниту еден член тука, само си го изразувам револтот кон се што се случува во оваа наша џунгла)
Само виктор ќе го спомнам, немој душо, да грешиш душа, не знаеш која е маката на родител кога знае дека може во секој момент да го изгуби своето дете, се труди, а нема како да помогне. Не дај боже никогаш да дознаеш. Каков е животот понатаму на тоа семејство. Каков е живото на тие луѓе, кога се трудат се да направат за своето чедо, кога ќе ги потрошат сите пари, а знаат дека може и нема да ја побетат битката. НЕМОЈ те молам. Пошто јас заедно со сите нив кои го изгубиле детето, братот итн го преживувам тоа што го имам веќе еднаш преживувано. Кога се правевме брат ми да го спасиме, кога имавме како(финансии) но не успеавме. Едноставно злото не прашува. Немој зошто и после 20 години, болката не се намалува ни за ронка. СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МАРАТОНСКИОТ ПОСТ