Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сите сте запознаени со актуелните случувања така да не треба некој голем вовед.

Прикриено убиство, лажење на народот и што уште не, полицајци тепаат и убиваат кого стигнат.

За да не не караат и заклучуваат нека биде мирно тука, чувајте се за пред влада и собрание, потребна е масовност.

Заборавив нешто. Не цитирајте во Сдк, префрлете се тука.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Сите сте запознаени со актуелните случувања така да не треба некој голем вовед.

Прикриено убиство, лажење на народот и што уште не, полицајци тепаат и убиваат кого стигнат.

За да не не караат и заклучуваат нека биде мирно тука, чувајте се за пред влада и собрание, потребна е масовност.и

Заборавив нешто. Не цитирајте во Сдк, префрлете се тука.
Полицајци тепаат и убиваат!!??Прикриено убиство??Не се служи со клевети и невистинити и недокажани зборови,можеш да бидеш казнет.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Полицајци тепаат и убиваат!!??Прикриено убиство??Не се служи со клевети и невистинити и недокажани зборови,можеш да бидеш казнет.
Ја слушна последната бомба?
Ако не, слушни ја и врати се повторно и продискутирај со аргументи.
После тоа види ги клиповите како „желки“ влегуваат во библиотека и прават рација и апсат млади.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Полицајци тепаат и убиваат!!??Прикриено убиство??Не се служи со клевети и невистинити и недокажани зборови,можеш да бидеш казнет.
Ќе ме кажеш во штаб? Дај жити се не туку провоцирај само, слушнавме сите кој кого убил и кој се обидел да го скрие тоа.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Мене ме интересира нешто во врска со протестиве. Зашто за секој еден протест што ќе се случи во државава по default е организиран од опозицијата? Зар оваа наша Влада т.е тие неколку те за толку глупи не сметаат па мисли дека за се и сешто опозицијата не организира? Разбирам и она да учествува во самите протести, ама сите да ги организира? Зар до толку глупи сме што не можеме сами да си организираме?
Мене лично ова ме навредува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Сторителот е осуден така што повеќе сега се сака абе не дозволувајте никој да ве мафта ај ќе видиме што е следно монструм бомба за да има војна ? Секоја чест ако на некој политичар целта му е да се проле крв и да гине народ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Логично, спремни се да убиваат и понатаму, ништо што веќе не е видено во разни автократски режими. Обично населението пати од извесни делузии од кои една е дека полицијата постои за да се заштити граѓанството што и не е точно, пошто `социјалниот договор` е реален колку и божиќниот зајак а кучето е дресирано да го штити оној кој го храни, во случајот режимот.

Околу подржувачите на режимот - ништо нека не ве изненадува од нив, не се обидувајте да разговарате со нив или да ги убедувате, лично се уверив и меѓу пријатели и меѓу роџаци како стои ситуацијата, таквите не би се потресле премногу и доколку режимот убие бебе на плоштад и си играат фудбал со бебешкиот череп или силува детенце пред споменикот на бисексуалецот на сред бел ден пред камери, ниеден злочин не е доволен да ги оттргне од нивната месечна рента од 300 евра (или повеќе, зависи) ниту една морална или етичка норма нема да ја пробие нивната паразитска свест. Би ве убиле и вас лично ако тие три стотки за кои се најмени од режимот им бидат загрозени, бидете сигурни. Не сите, далеку од тоа - но значителен дел уште утре би ве ликвидирале.

Што мислите, како опстанувале сите геноцидни, корумпирани, тирански и клептократски режими, само со помош на репресивниот апарат? Не, туку со соучество на одреден процент население кој доброволно или принудно зависел за својата егзистенција од власта, историјата е полна со такви примери а ништо ново нема под капата небесна, све се врти во круг па така и ова...

А велат дека најдобар рецепт за молотов коктел бил 7/10 бензин, 2/10 уље и 1/10 песок или сапун...:^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and malo

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
@Saladin префрли ги тие неколку мислења од СДК во темава

Случувањево е хаос
Невини жртви гинат и начинот на нивното настрадување се сокрива а некој ќе убие човек и потоа се смета за некој мангуп. Кога ја видов сликата како убиецот седи во затвор со меза пред него како да е во ресторан ми идеше да земам и јас да се бутам пред влада но јас бев во кампот пред мон. Човек да не знае за што попрво да протестира

Владата бојосана со јајца, луѓе протестираат луѓе се тепани а медиумите пренесуваат за тоа како Македонија има највисок развој во не знам што. Се праат како ништо да не било го прикриваат случајот. Па она што беше вчера ништо не е малку беше

#достабешемолк
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Сега треба Македонците да покажат разум и памет, да се запрашаат зошто баш сега се разбуричка оваа работа и да стават прст на чело.Голема политичка позадина има ова и ако сакаме да не ни се деси Украина и кај нас ке треба малку поумно.Америка ужива во овие збиднувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф and corki

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Мене ме интересира нешто во врска со протестиве. Зашто за секој еден протест што ќе се случи во државава по default е организиран од опозицијата? Зар оваа наша Влада т.е тие неколку те за толку глупи не сметаат па мисли дека за се и сешто опозицијата не организира? Разбирам и она да учествува во самите протести, ама сите да ги организира? Зар до толку глупи сме што не можеме сами да си организираме?
Мене лично ова ме навредува.
Па и мене ме навредува ама ајде зошто народот не се собра кога бесправно и преку ноќ универзална место Тоше ја крстија Александар ? Зошто не се собра народот за протести за зголемување на цените ( бензин , леб, струја) ? Зошто се собира народ кога само се во прашање политички одлуки е затоа се меша во се опозиција. Ко вчера се сеќавам коа се расправав со продеканот на факултет за законот што требаше да се спроведе со кој професорите требаше да издадат нови книги и да направат публикации за на интернет и ми вика ех ќе ми каже мене Тодоров да пишувам , па не пишувам јас на 60 години ништо па нека ме избрка . Ех да застрамете се погледнете како во Хрватска им е достапна најнова литература на нивен јазик како се пишуват пубикаци и можеш со аргументи да тврдиш нешто , а ние сеуште имаме податоци од 95 година!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja