Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дај затварајте ја темава, се наполни со непотребни глупости,со непотребни анализи,искажување на потреба за некој да се истепа и обеси,просто кажано со премногу срања..на човек да му се одмили да дојде на форумов, само бљувотини,негодувања,:mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Pica pica

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Имаш право, само што мене многу ме нервира таа фаца негова и сакам да го тепам, многу сакам да го тепам иако знам дека има друго решение, ама би бил задоволен ако му удрам една во тоа носот дебел.

Иначе нормално дека не се легитимни кога и мртовци гласаа. Само кај нас го има тоа, живееш, гласаш, умираш, пак гласаш. Па уште ќе ми кажува прееска дека немале страв со толку поддршка, а тие сиротите коски им се тресат.
Во ред е тоа, млад си, ти врие крвта, но освен пукнат нос, на човекот нема ништо друго да му решиш. А и за пукнат нос ти стига тужба за физичко насиље. Иако оној бернардинецот на лејт најт шоу треба баш тоа да му се случи во затвор.

Мртовците се најмал проблем пошто реално одувек мртовци гласале кај нас.
Поголем проблем се оние кои се со повеќе лични карти и со „перманентни“ живеалишта во Охрид, Скопје, Битола и Струмица.
уште поголем проблем се кога горенаведеново се прави под присила.

Го слушнав денешниот протест (ми пројдоа баш пред зграда), што за мене изгледаше многу повеќе на партиски митинг за вол пред колење, со многу церемонии и испланирани програми, без трошка спонтаност. НЕ дека и вчера немаше при самиот крај... Но разликата е неспоредлива.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дај затварајте ја темава, се наполни со непотребни глупости,со непотребни анализи,искажување на потреба за некој да се истепа и обеси,просто кажано со премногу срања..на човек да му се одмили да дојде на форумов, само бљувотини,негодувања,:mad:
Да, а? А кога пастирот одобрува миленковци да брцаат со нож по фотографии пред камера, кога латаси шират суптилно говор на омраза, кога провладини портали крадат лични фотографии од обични луѓе на простлава за партиски реваншизам, тогаш е во ред нели?
 
Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Чекај чекај чекај..............ти имаш докторат??????????
Знам дека сме веќе длабоко во дистопични води ама ова е крај...нема враќање....

Пак верглаш дека родителите биле криви? Сега уште и мајка и била мрза? Од која друга болест бе токмак бескичмењачки, за 300 евра се симнуваш до ова ниво да браниш злостор врз дечиња? Него да си прашам... би убил човек ако ти заповедаат од партија?

Какви црни сообраќајки, тука се работи за смрт како директна последица на недавање пари од страна на власта. За инцестуозните плодови кои виреат од партиска утроба секогаш има пари за лекување во странство. Се надевам дека сендвичите ќе бидат вкусни...
Седи бе ја за 300 евра не станувам од кревет ја колку што имам пари ти во живот не си видел. Па виновни се родителите и медиумите кои воопшто не се погрижија да стаса и другата страна на приказната во етер ама седиси таму у шатор и види што позиција ќе си фатиш у некоја инсттуција што ти ја ветиле сега. Инаку моја партија е Македонија и не зависам од никакви политички игри и да ме приморува некој на нешто тоа што печалам го печалам со многу пот и на секакви временски услови ама што да ти објаснувам седи у канцеларија за 300 евра и пишувај дека влада е крива за се.
 
Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
А како се осмелува некој да ги нападне родителите на вакви деца?
Јас сакам отворено да те прашам, дали некогаш имаш одвоено време да им посветиш бар малку внимание или да поразговараш со вакви родители да ти ја раскажат својата приказна? Да ги прашаш како живеат, како се снаоѓаат и како успеваат да ги прилагодат своите деца, да се прилагодат и себе си на една општограѓанската неспремност и неприфатливост за таков живот? Дали некогаш имаш присуствувано, поддржано или запознаено било кој настан кој ги вклучува овие ,,маргинализирани” лица? Внимавај, свесно ти велам присуствувано а не - живеено.
Срам ми е да ги наречам така, ама ние ги правиме да се чувствуваат маргинализирано од неукост и незаинтересираност. Дали нив им се имаш обратено, да ги прашаш како се и што желби имаат за во животот? Колку ги боли тоа што буквално нивниот живот потпаѓа под туѓи раце знаејќи дека нивната судбина зависи од некој друг?

Имаш ли идеја колку т.н ,,неутрални” и недолжни животни приказни потпаѓаат под институционална меѓупартиска битка? Колку заглавуваат во бирократски процеси само за аплицирање за помош, каде што е полесно да регистрираш компанија? За потоа да се дрзнеме да спомне некој родителска негрижа. Јас сакам да те прашам, кој здраворазумен родител не му го посакува најдоброто на своето дете? Дали препорака дадена три години однапред и постојано одбивање, ти делува на негрижа или системско закрчување? Има ли релевантен доказ за тоа што го спомнуваш?

Ќе се ,,тупи и отупува” се додека ние како народ остануваме ,,тупи” и не настане една заедничка народна галванизација. Утре ден тоа може да сум јас, ти, мое или твое дете. Зошто жално, ама ние само така изгледа се освестуваме. Колку животи досега имаме изгубено поради абнормален политички систем и биполарноста на нашите политичари што сме ги имале, имаме и ќе ги имаме сиве овие години? Која е силата против сите нив, што може да застане и да каже стој – човечкиот живот вреди повеќе од вашите ниски политички препукувања и крадење на политички поени ако не народот?
Ниту едно присебно човечко битие не сака да биде водено од крајно етноцентристички и политичко-егоистични идеи. Најмногу боли калкулација со човечки живот за пусти велепартиски интереси.
Сакаш со видео докази како си ги малтетрат своите деца ? Како на социјални служби не им е грижа за тоа ги имам како пример се документирано и тој систем не функционира воопшто потполно да фали таму некој убаво да ги стегне! Имам и позитвни приказни детето родено со срцева мана па од фонд му платија 4 операции досега во странство ама родителите трчаа прашуваа како што , а не чекајк ќе не викнат. Тоа е како да кажеш што да гледам оглас за работа па ете од завод ќе ме викнат ако им притреба од мој кадар. Пак ќе потенцирам во случајот Тамара па незам у Канада или у Куба да си ќе починеше девојчето заради неажурноста на родителите.
 
rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Пошто овде сите се неутрални изгледа, зошто ние не се договориме да протестираме сите да си дадат оставки??? И од едните и од другите, да бараме оставки од сите... да дојдат сосема нови ликови, млади, надежни? Зошто да мора да излегуваме за сдсм или вмро??? Епа да излагам за партија не е исто што и излагам за народот. Значи да излеземе не партиски, не платени...Да излеземе за нас, а не за некој да добие бодови. Ау да....ќе не убијат, пошто не смееме ние така..мора да ги сакаме едните или другите. Не смееме да имаме друг избор. Оние за сдсм ги напаѓаат од вмро и обратно....нормално....секогаш е лош туѓиот. Го отупеа више со бомби, лаги, препирки, крадења, прислушкувања, бранења....набедувања и да не набројувам.
Сега многууууу е битно дали вчера или денес имало повеќе, дали вчера или денес имало забрани за автобуси, дали вчера или денес добиле сендвичи.....Многу е битно....така се гради бре држава, БРАВО ЗА СИТЕ!!! Срамота и за едните и за другите.
Тек сега ќе гинат невини луѓе. Битно е партијата да си ја одбраните а не своите најблиски и најсакани. (значи да не ме рабере некој погрешно, ниеден мој пост не е упатен на ниту еден член тука, само си го изразувам револтот кон се што се случува во оваа наша џунгла)

Само виктор ќе го спомнам, немој душо, да грешиш душа, не знаеш која е маката на родител кога знае дека може во секој момент да го изгуби своето дете, се труди, а нема како да помогне. Не дај боже никогаш да дознаеш. Каков е животот понатаму на тоа семејство. Каков е живото на тие луѓе, кога се трудат се да направат за своето чедо, кога ќе ги потрошат сите пари, а знаат дека може и нема да ја побетат битката. НЕМОЈ те молам. Пошто јас заедно со сите нив кои го изгубиле детето, братот итн го преживувам тоа што го имам веќе еднаш преживувано. Кога се правевме брат ми да го спасиме, кога имавме како(финансии) но не успеавме. Едноставно злото не прашува. Немој зошто и после 20 години, болката не се намалува ни за ронка. СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МАРАТОНСКИОТ ПОСТ
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Имаше можност вчера да излезеш. Беше?
 
rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Вчера беше протест на сдсм ако не се лажам- се што е партиски направено не признавам, а ова денес контра протест на оној од вчера.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пошто овде сите се неутрални изгледа, зошто ние не се договориме да протестираме сите да си дадат оставки??? И од едните и од другите, да бараме оставки од сите... да дојдат сосема нови ликови, млади, надежни? Зошто да мора да излегуваме за сдсм или вмро??? Епа да излагам за партија не е исто што и излагам за народот. Значи да излеземе не партиски, не платени...Да излеземе за нас, а не за некој да добие бодови. Ау да....ќе не убијат, пошто не смееме ние така..мора да ги сакаме едните или другите. Не смееме да имаме друг избор. Оние за сдсм ги напаѓаат од вмро и обратно....нормално....секогаш е лош туѓиот. Го отупеа више со бомби, лаги, препирки, крадења, прислушкувања, бранења....набедувања и да не набројувам.
Сега многууууу е битно дали вчера или денес имало повеќе, дали вчера или денес имало забрани за автобуси, дали вчера или денес добиле сендвичи.....Многу е битно....така се гради бре држава, БРАВО ЗА СИТЕ!!! Срамота и за едните и за другите.
Тек сега ќе гинат невини луѓе. Битно е партијата да си ја одбраните а не своите најблиски и најсакани. (значи да не ме рабере некој погрешно, ниеден мој пост не е упатен на ниту еден член тука, само си го изразувам револтот кон се што се случува во оваа наша џунгла)

Само виктор ќе го спомнам, немој душо, да грешиш душа, не знаеш која е маката на родител кога знае дека може во секој момент да го изгуби своето дете, се труди, а нема како да помогне. Не дај боже никогаш да дознаеш. Каков е животот понатаму на тоа семејство. Каков е живото на тие луѓе, кога се трудат се да направат за своето чедо, кога ќе ги потрошат сите пари, а знаат дека може и нема да ја побетат битката. НЕМОЈ те молам. Пошто јас заедно со сите нив кои го изгубиле детето, братот итн го преживувам тоа што го имам веќе еднаш преживувано. Кога се правевме брат ми да го спасиме, кога имавме како(финансии) но не успеавме. Едноставно злото не прашува. Немој зошто и после 20 години, болката не се намалува ни за ронка. СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МАРАТОНСКИОТ ПОСТ
Па вчера знаеш ли колку не беа од ниедна партија? Скоро пола сигурно.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Седи бе ја за 300 евра не станувам од кревет ја колку што имам пари ти во живот не си видел. Па виновни се родителите и медиумите кои воопшто не се погрижија да стаса и другата страна на приказната во етер ама седиси таму у шатор и види што позиција ќе си фатиш у некоја инсттуција што ти ја ветиле сега. Инаку моја партија е Македонија и не зависам од никакви политички игри и да ме приморува некој на нешто тоа што печалам го печалам со многу пот и на секакви временски услови ама што да ти објаснувам седи у канцеларија за 300 евра и пишувај дека влада е крива за се.

А сендвичот каков беше? Имаше мортадела?

Ти си од оние ликови со кои во идеален свет би сакал да се гледам преку нишан а не вака да разменувам полупристојни коментари на вируелна платформа, тотално ѓубре, отпадок.