Полански делува малку изгубено на прв поглед
ама во филмовите секогаш има некоја референца на окултни ствари, веројатно оттаму и атмосферата која ја доловува низ филмовите, ако ти се допадна овој сигурно и ќе ти се допаѓа и Розмариното бебе (тој е со секти и ѓаоли, го имам гледано 3-4 пати )
Што и не е чудно ако се земе во обзир дека секташи му ја убиле сопругата во риал лајф и го извадиле фетусот од неа
, Чарлс Менсон и друштвото...
Колку што паметам, не се разјасни баш дали паранојата беше оправдана или дали сето тоа се случуваше во неговата глава, знам имаше таму една многу симпатична француска глумица, женска му беше или нешто така пред да почне да влегува во светот на травестијата.
Или духот на жената шо се убила а живеела во истиот стан влегуваше во него?
Или му правеа ритуали пошто во дворот му се причинуваше дека се собираат станарите и прават секташки ритуали...
Сама по себе беше тешка атмосфера во таа зградата пред распад со станарите и газдата - малограѓанско-ситничарска багра која и без параноја е неподнослива. Претпоставувам дека оној клипот на Продиџи Breathe е инспириран од филмов, мемлив стан со изронати ѕидови од каде што изникнуваа влакна, бубашваби и стаорци...