Филмски клуб

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Obvious child
Многу интересно филмче...ведро, позитивно, опуштачко...
Типот, да го грабнеш и да бегаш...мирен, пристоен, духовит, паметен, образуван...згоден...а типката приказна за себе...ми се допадна нејзината духовитост, спонтаност, реалност пред се’ (особено со муабетот за гаќите на крајот од денот :D и инцидентот со прднувањето во фаца - ретко која типка слатко би се изнасмеала на таква ситуација)...премногу реална, природна, практична, демодирана, со отворен ум...не е лепотица ама си има своја внатрешна убавина....
Ми се допадна винтиџ стилот во нејзиниот дом, ми се допадна нејзиниот однос со таткото, па и со мајката....
Мислев (како обично бидува) дека во последен момент ќе се премисли за абортусот ама го направи...додуша и не беше некој материјал за мајка, премногу детињаста, инфантилна, неодговорна...мада детето те менува, ама тоа е веќе друга тема :)
Го избрав ептен рандом и набрзина, ама добро се погоди филмчево...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
:(:(:( Шта речи...филм набиен со емоции и со настани од самото дно на 200.000 годишното постоење на хомо сапиенсот.

Дејствието се одвива во Камбоџа, пред, за време и по четиригодишното владеење на Црвените Кмери, веројатно најбруталниот режим во 20.век, и тоа во жестока конкуренција на болесни режими од целиот свет.

Двајца новинари (Американецот Сидни Шанберг кој го глуми Сем Вотерстон и Дит Пран кој го глуми камбоџанскиот актер Хаинг Нгор) заедно со неколку фоторепортери се обидуваат да ја прикажат причата за страданијата и маките по светот, почнувајќи од америчкото бомбардирање на камбоџански градови `по грешка`, монструозна тајна операција од која што луѓе умираат и ден денес - па се до опсадата на Пном Пен во 1975 кога кмерите ги победуваат силите на стариот режим и триумфално влегуваат во градот....кој веднаш почнуваат да го празнат од раја - два милиони народ ги собираат и ги праќаат во селата и нивите, да садат ориз поради имбецилниот план да створат аграрна утопија, да го направат Мао да изгледа како аматер. Прогласуваат `Година Нулта` и времето започнува од нивното доаѓање на власт.

Во евакуацијата на странците, Пран успева да ја протне жената и децата во последниот хеликоптер за евакуација, но самиот тој, под влијание на Сидни останува да известува од лице место. Тоа го прави цел на одредите на смртта бидејќи секој камбоџанец кој соработува со странци - е ликвидиран. И секој што носи очила. И секој што знае странски јазик. И секој кој е интелектуалец. И секој кој.................. накриво погледнал црвен кмер, на крај умираат 1,7 милиони од 7 милионската популација на таа земја.

haing-s-ngor-in-the-killing-fields.jpg


Сидни и останатите прават очајни обиди да направат лажен пасош иако немаат основни средства за тоа, на крај еден фотограф (Џон Малкович) успева да развие некаква слика и да го израдува Пран а богами и колегите.
Славјето завршува после неколку часа кога сликата потемнува поради срање хартија и Пран е одведен од кмерите. Со тоа започнува четиригодишната голгота која трае се` до среќната виетнамска инвазија и падот на проколнатиот режим.

Филмот изобилува со емотивни сцени, паниката со пасошот и сета таа гужва кога се работи за живот и смрт се ненормално добро прикажани, француската амбасада како надреален остров на релативна рационалност во океанот на лудилото, маките и прагот на лудилото на Пран кога рмбачи по оризовите полиња, понижувањата, задачата која ја добива од еден Кмер да го спаси синот на непријателот, на мачителот, и покрај се` Пран не ја губи човечноста и го зема детето со него и со другите бегалци.
Сцената кога детето страда на нагазна мина и кога го кремира се чудни, сета атмосфера на крв, пот и страдање, оган, куршуми и прашума, ропство и надеж, гола надеж во што?

Во пријателството.
Никогаш до тогаш и никогаш повеќе нема да има подобро пријателство на филмска лента. Иако инспирирано од пријателство во реален живот, мора да се каже дека глумците го прават сето тоа на ниво кое не може да се надмаши и тешко може да се опише со зборови :(

Сидни непрекинато пробува да го најде својот пријател Пран, секојдневно праќа писма, прашува по институции, ангажира колеги и секаква раја по светот да разбере барем нешто за Пран. Во други услови, таква фанатична посветеност би дала резултат - но тука се работи за најзатворениот режим према кој Северна Кореја е детска градинка. Нема глас, нема абер ни за добро ни за зло.
Од друга страна Пран си прави филм во умот дека зборува со својот пријател и на тој начин успева да го истера лудилото кое се заканува во таква средина.

Последните 5-6 минути од филмот се чиста емоција, неискварена од непотребни дијалози и срања, чиста емоција како солзата која секој нормален човек со барем некакво струење на истата низ своите вени би ја пуштил гледајќи го сето тоа.:(

Случајното здогледување на бегалскиот камп во Тајланд, јавувањето на Сидни во Париз кога дознава дека Пран е забележан во бегалски камп....и пред се конечната средба и прегратка на пријателите пропратена со болката во очите на Пран, неверицата и радоста - а сето тоа позади саундтракот на Имеџин од Џон Ленон го носи гледачот во димензијата на веќе споменатата чиста емоција.:(

Не постои нешто што е несовршено во филмот така да коментирање за квалитетите, глумата или режијата се непотребни. Може да се напомене дека Хаинг Нгор добил оскар за споредна улога, но сето тоа е небитно... Хаинг Нгор оствари една од најсилните улоги во познатата кинематографија, епска улога на мал човек во големи настани.

:(

Страшно мачен и страшно добар филм :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Го гледав и јас филмов ама ме мрзи да пишувам, ај попосле.
Ова попосле којзнае што ми значи, вака ми изгледа како да сум сакал да кажам дека следната година ќе пишам.
Иначе може од понеделник ај, јас сум ЗА.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Io Sono

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не сакам да ветувам дека ќе учествувам па потоа да ме нема, затоа подобро реално да си кажам дека нема да учествувам. Самиов "проект" е супер, но знам дека нема да стасувам да ги гледам филмовите, сега веќе многу ретко стигам да гледам, а најчесто кога гледам е во недела (како денес) и гледам 2-3 филмови одеднаш, зошто денес имам највеќе време. Малце реферат изнапишав, ама да објаснам како што е. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo