Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Најјака сцената кога му се расипа саатот, а овој чека зад завеса ко будала точно во 11 да се јави за да ја убие :D
Јаки сцени има ама знаеш ли кој филм има појаки? North by Northwest :zelen
Дај гледај го овој прв, значи стварно е супер. Еве и рецензијата си ја најдов.

North by Northwest (1959)
http://www.imdb.com/title/tt0053125/?ref_=nv_sr_2

Филмов последен пат го гледав пред некој месец и заборавив дека воопшто го имам :). Сега после долго време без филмови решив пак да си го пуштам.

Приказната во филмот е во врска со Роџер Торнхил кој е киднапиран од група на шпиони предводена од Филип Вандам, кој мисли дека Торнхил е агент на ЦИА по име Џорџ Каплан. Торнхил ќе избега но мора да го најде Каплан за да докаже дека не е виновен и дека киднапирале погрешен човек. Следејќи го Каплан до Чикаго како бегалец, на Торнхил му помага Ева Кендал.

Филм кој нема да ми се здосади никогаш, заради две причини. Најпрво заради шпионската приказната, ретки се тие филмови каде може толку реално да се прикаже цела приказна. Тука Хичкок си завршил одлична работа и нормално во текот на целиот филм се осеќате како да сте во него. :)

Другата причина е заради глумата на Гери Грант. Нема потреба многу да се пишува, тие што ќе го гледаат филмот ќе видат за каков актер станува збор.

Филмов е класика кој верувам нема да ви се здосади ако го гледате повеќе пати. 10ка од мене :).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Другата причина е заради глумата на Гери Грант. Нема потреба многу да се пишува, тие што ќе го гледаат филмот ќе видат за каков актер станува збор.
.
:rolleyes:
Ти реков сите негови ќе ги изгледам. Ех да можам да патувам низ времето, па да сум птица и да слетам на рамена кај таа твојата и да го погледам малце :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
:rolleyes:
Ти реков сите негови ќе ги изгледам. Ех да можам да патувам низ времето, па да сум птица и да слетам на рамена кај таа твојата и да го погледам малце :rofl
А јас на неговите за да ја погледам неа. :zelen
Одличен е тој, вака за убавина што знам, не сум по машките, ама како актер е одличен. :)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
А јас на неговите за да ја погледам неа. :zelen
Одличен е тој, вака за убавина што знам, не сум по машките, ама како актер е одличен. :)
Може во минатиот живот ти си бил Ингрид, а јас Кери Грант, провери ги датумите кога починале :eek:
Арчибал Алек Лич бе :eek
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Invasion Of The Body Snatchers
http://www.imdb.com/title/tt0049366/

Хороров :D
Приказна за еден лекар кој заприметува дека нешто не е во ред во неговиот град. Луѓето доаѓаат во неговата ординација со сомнежи дека нивните блиски не се веќе истите. Никој од нив не е веќе тој што бил и во градот се случува нешто лошо што може да се прошири и во другите градови, ако лекарот не превземе нешто за да ја спречи причината за хистерија кај населението.

За тоа време сигурно бил ептен јак хорор, ко за сега интересно, солидно филмче од тоа време. 7.5/10

Јас како мал сум го гледал, дефинитивно не е филм кој треба деца да го гледаат и ми остави лузни за цел живот, трауми :D посебно последната сцена кога Сатерленд се врти и пушта крици :ladno Не знаев точно кој филм е пошто не сум знаел глумци ова она и тек после римејкот ко излезе го `открив` пак
Пред извесно време си го симнав да го гледам пак и нормално немаше таков импакт овој пат :zelen иако паранојата беше неверојатно добро прикажана.

Апел на родители кои имаат немирни деца да им го пуштаат филмот одвреме навреме.
 
Ок беше не беше лош филмов, мада јас барав поголеми хистерии и паранои, ова беше гола вода чим сама го изгледав спокојно :D
Ваљда дека ти мал си бил па затоа така ти останал во сеќавање.
А Sunset Blvd. си го гледал? Не дека сме кај параноите, таков ќе предложам во клубот, онака ми текна дека епен добар филмов...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ок беше не беше лош филмов, мада јас барав поголеми хистерии и паранои, ова беше гола вода чим сама го изгледав спокојно :D
Ваљда дека ти мал си бил па затоа така ти останал во сеќавање.
А Sunset Blvd. си го гледал? Не дека сме кај параноите, таков ќе предложам во клубот, онака ми текна дека епен добар филмов...

Го имам гледано имаше едно време канал за класични филмови, мислам до 20.00 даваа цртани нешто, после стари филмови тлц или тхц или тмц не ми текнува, иначе доста добар филм беше... језиво добра психолошка улога на таа драма квин старката (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Муабетов на претходната страна ме потсети на баба ми таа си имаше нешто како пофалба за нечиј физички изглед ваљда и викаше `види го прав Ерол Флин` некој еквивалент за машко од она `кукле` или `лепотица` шо викаат стариве:zelen или кога ќе се среди пред излегување човек и таа вика `мореее Ерол Флин` не знаев шо и значи после дознав дека бил глумец од тие времиња со Богарт и компанија... а една друга особа од поближа породица користеше исти изрази само `Ален Делон` :roflверојатно тогаш бил популарен тој... знаеш старите внуците им се нај-нај и тие ствари...

http://i.dailymail.co.uk/i/pix/2013/09/10/article-0-1BBC65E6000005DC-817_634x705.jpg
http://images.forwallpaper.com/files/images/4/4c27/4c27ca96/784124/alain-delon.jpg

(на овие двајца паѓале воздишки на нашите женски претци)

Псс љубоморна си :rofl баш е убава Ингрид, ретко која актерка ќе те задржи да го гледаш филмот само заради неа, овие денешниве можат вода да и носат.

Од сегашнава генерација нема конкуренција Астрид (се римува со Ингрид :zelen) quite amaznig creature... 2010-15 ако сметаме...

Ингрид и мене ми е појака од Грејс, остај оваа Хоуп шо зборува... Ингрид е баш она... јака женска ама и снажна, да фати да истресе теписи да испере да премести фотеља, авион жена и домаќинка истовремено :zelen плус харизма.
Грејс има совршена фаца ама нема енегрија во неа некако...
...
Марлен Дитрих :kafe немачка жена бе.... само гласот и е како да пуши по 3 кутии МТ дневно :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Го изгледав и North By Northwest ама ме мрзи да пишувам рецензија.
Ова е веќе нешто друго, жал ми е дури да гледам како се модернизираат филмовите, баш му ги сакав филмовите на Хичкок дека ми беа такви едноставни а моќни. Тука ептен се потрудиле, не е веќе една соба и напнатост, тука е веќе нешто друго, повеќе акција, повеќе ликови, повеќе места, нема веќе замаглена позадина :rofl Глумецот се знае да не зборам веќе, малце подостарен, ама исто толку добар, шармантен, харизматичен, единствен....За глумицата оставам на господата од погоре да ја искоментираат :zelen

Вечер на репертоар ми е Suspicion, па после To Catch a Thief и тука ќе уживам малце во лепотата на Грејс и Грант и на крај The Man Who Knew Too Much зошто можеби Грант е најубавиот актер кој го имал Хичкок, ама Џејмс Стјуард е најдобриот.