Една триологија што ја избегнував долго време, а не знам зошто.
Before Sunrise
Еден американец и една французинка се запознаваат во воз во Европа и решаваат да го поминат денот заедно во Виена. Филм исполнет со авантура, романса, спонтани но длабоки разговори помеѓу 2 млади личности кои само што се запознале, двајцата од различен континент со различно искуство во животот. Филмчево едноставно го прати едно фино чувство на авантура и надеж и го буди романтичарот во секого.
Трејлер.
Before Sunset
Џеси и Селин се среќаваат повторно во животот, но овој пат после 9 години, во Париз. Започнуваат да шетат низ градот исто како што тоа го правеа во Виена и споделуваат искуства за љубовта, животот, работата, итн. Иако првиот дел е оној "магичниот", приказната продолжува да се развива и иако многу работи се променети, едно е останата исто.
Трејлер.
Before Midnight
Џеси и Селин после 9 години од второто среќавање во Париз, овој пат на летен одмор во Грција. Дали после речиси 2 децении романсата и љубовата може да опстане? Овој дел ми се допаѓа бидејќи реалноста буквално ти мава шамари во моменти.
Трејлер.
Се на се, ОДЛИЧНИ филмови. Уникатна приказна проследена со страшно многу романтични, но поприлично реални моменти. Ми се допаѓа пред се бидејќи во текот на сите 3 филма го следиме истиот пар кој разговара. Помеѓу нови улички, во кафичи, во автомобил, на прошетка до хотел, во соба,... Сите тие разговори се толку спонтани, а толку длабоки и филозофски. Ми се допаѓа и тоа што ликовите ги глумат истите глумци - Ethan Hawke и Julie Delpy, така да како што самите тие стареат и физички се менуваат, добиваме посилно чувство на реалност во дејствието во филмовите.