Денеска баш попладневно одмарање сум заспала и сонувам како со моиве родтители стоиме пред маркет и се вртам на десно и го гледам дедо ми (кој почина пред речиси една година) и со насмевка на лицето срека во душата зошто повторно го гледам и се приближувам и го гушкам од среќа и му велам дека премногу ми фали и го сакам.Заминува,се врти и ми се насмевнува,влегува во маркетот.Се вртам назат за да му кажам на татко ми и ги гледам баба ми и дедо ми ( исто така починати) и среќа му велам на татко ми еве ја мајка ти те бараше.Се вртам на лево и ја гледам мајка ми и и кажвам плачејки дека го видов нејзиниот татко,ми вели мајка ми-не плачи се е во ред,не плачи.Ме фаќа за рака и тргнуваме зад една зграда полу мрачно,и одеднаш не следи една полу човек полу сенка.Мајка ми се врти за да му помогне и наеднаш изговара некакви чудни зборови се свртев така толку исплашена и и велам оди брзо тоа е црна магија не следи сака нешто од нас.Така одејки низ темнината се гледам наеднаш како спијам во дневната на креветот и пробувам да се разбудам викајки по сестра ми.Во раката држев нечија рака,скелет,коска исплашена пробувам да ја тргнам од мене и наеднаш ми се појавува нечиј лик.Почнав да чуствувам по грбот како некој ме гали и наеднаш се разбудив со некаков крик. Има некој поима сто како е со толкуванјето на сонот и поточно за тоа да се гледас како спиеш додека телото ти е во кома а свеста будна ?