Сонувам како возам кола, до мене е еден колега од работа, а надвор е темно, потоа наеднаш се наоѓам во некој кафич/кафана/ресторан со големо друштво (машки и женски), и како одеднаш влегуваат тројца мои блиски луѓе од минатото заедно со керката на едниот пар која им се роди пред околу 4-5 месеца и седнуваат на маса блиску до нас, и они забележуваат дека сум тука но се прават како дека не ме виделе, и јас станувам како божем ке одам до тоалет и се поздравувам со нив, седнувам кај нив на маса, се шалиме, многу позитивно сме расположени, весели сме (но не се смеевме -напоменувам бидејќи знам дека смеењето има посебно значење), и како станувам од таму, одам до другата маса каде што ми стои ташната и од новчаникот вадам 500 ден и ги давам на бебенцето и и напоменувам "мајка ти и татко ти да ти купат среќа и едно братче", и продолжуваме да си се зезаме....