Толкување на сонови

planetb

Нов член
24 февруари 2015
1
0
1
sonuvav kako sum rodila masko dete i majka mi go dala na nekoi prijateli da se grizat za nego, bidejki jas sum imala veke drugo dete, a vo realnost imam kerka,
vo sonot sum si rekla kako mozev da i dozvolam na majka mi da mi go dade deteto zosto ne i se sprotistaviv, potoa skrisum sum otisla kaj bebeto so nekoja maska osoba neznam koja , inaku bebeto bilo kako vo nekoja koliba so pracki i sum stavila mleko vo kolevkata na bebeto i toa lezelo vo mleko i me gledalo, a maskata osoba mu rekol na bebeto ova e tvojata majka.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба

Според тоа што јас го знам,мајка ти ќе сака да ти помогне да остраниш некоја грижа но ти упорно се насочуваш кон неа.Послушај ги советите на мајка ти.
 
Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Сонував како сестрата на бившиот се обидува индиректно да ни намести средба и да ни помогне да се смириме, и исто така како од страна се некој не спречуваше, се вмешуваше во сонот, ке се појавеше баш некој во тој момент....дали успеа во нејзината намера да не смири не знам :) (иначе долго време се немам видено со девојкава па за да си помислам дека е потсвесно судејки според некој наш разговор).
Има некое значење сонов? :D
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Сонував како сестрата на бившиот се обидува индиректно да ни намести средба и да ни помогне да се смириме, и исто така како од страна се некој не спречуваше, се вмешуваше во сонот, ке се појавеше баш некој во тој момент....дали успеа во нејзината намера да не смири не знам :) (иначе долго време се немам видено со девојкава па за да си помислам дека е потсвесно судејки според некој наш разговор).
Има некое значење сонов? :D
Потсвесно-лошо го протолкува.Во потсвеста се кријат моменти и од детството.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
I've got a good one for ya. :zelen

Се наоѓам во влезот на "бившата" зграда во која живеев до пред 10 години, чекам лифт. Од задниот влез гледам доаѓа толпа азијци и едно мало дете ми приоѓа. Мајка му ни А ни Б, влага во лифтот, а јас почнувам да и викам да излезе зошто е расипан. Се обидов да го спречам лифтот да отиде нагоре, но не успеав. Тргна горе и после неколку секунди со сета сила се сруши надоле. Само го погледнав дете што стоеше до мене и неколку секунди се гледавме во шок и потоа тоа излезе. Јас потресена земав мобилниот телефон и вртев на полиција. Сите околу мене си беа како група туристи, насмеани, како ништо да не се случило. И се јавувам во полиција и почнувам да раскажувам што се случило, а од таму тој што збореше, уште од првата секунда како да знаеше веќе што се случило. Додека зборам на телефон, гледам надвор од зграда детенцево како сопира рендом човек, дали ја бара мајка му (уште не сфатило што се случило) или проси, не знам. Од скалите до лифтот се симиња девојка која не ја знам по лик, но таа се однесува како да ме знае и ме поздравува и целата насмеана ми вика "Се симињав по скалите и имаше некој", јас ѕиркам накај скалите и гледам дека се во тотален мрак и и враќам "Не ме заебавај со такви глупости" (во стил, она дискретно ми вели дека имало нешто натприродно, а јас не и верувам). Влагаат уште 3 девојки, целите напицкани и решавме сите заедно да идеме со другиот лифт до горе (а горе не чека некаква журка?) и таман влагаме во лифтот, од надвор дотрчувам некоја жена (не и го видов ликот) и сакаше да влезе, но веќе беше предоцна, лифтот тргна нагоре. Горе излагаме од лифт и наместо да сум на врвот на зградата, како да сум во некој друг град. Меѓу другите, тука беше една моја другарка и гледаше во еден кафич што да порача.

Најинтересниот дел: одеднаш сум во кревет, во тој што спиев во стариот стан и до мене има некој (претпоставував дека е баба ми зошто како мала спиев со неа). Спијам и одеднаш се будам, отварам очи и над мене стои детенцето од прееска. Раката како да не ја контролирам јас, зима некаков предмет што е до креветот, го крши и во дланка ми останува парче тријаголник кој го користам како оружје и грабам бебе кое лежи до мене и плаче и сакам да го прободам. Сфаќам дека е бебе и се спречувам себе си и го подавам на тој/таа што лежи до мене (мислејќи дека е мајка му). Фигурата што лежи до мене нема лице, едноставно темно е и замаглено. Го прима бебето и почнува како кукла насилно да го тресе со сета сила и да вика. Јас зачудена почнувам да врискам нешто во стил "Што ти е, бебе е, не можеш така да правиш" и така во целиот тој хаос, се како да се тресе, како да влагам во некаков вртлог, ме крева некоја сила и како да сум во воздух и почнувам да врискам (мислам дека врискав по мајка ми :zelen) и да претам, но не можам да се ослободам, нешто ме влече нагоре и помеѓу мене и тоа нешто има избледена женска фигура фатена во тој вртлог но појавата и е како чад. И во тој момент сфаќам дека е сон и си викам, не претај, опушти се, ќе се разбудиш едноставно. И така беше, пополека се разбудив и како и секогаш кога имам кошмар, ја чувствуваав онаа струја во мене, целата вознемирена. Толку ми беше реален и чуден сонот, што еве, сеуште го памтам и тоа во детали.

Ае некој ако се нафати да го прочита целото ова, нека се обиде да го протолкува. Само немој да кажете дека нешто од другата страна пробувало да ми ја украде душата или слични с***а, оти одма ќе ја префрлам темата у канта! :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marinela

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Не веруваш во нешто натприродно а сакаш објаснување, не може така, мора да веруваш иначе и да ти го објасни некој сонот ти нема да му веруваш, и темата во канта ќе ни е. :(

Иначе лифтот и возењето нагоре имаше врска со работа мислам, другово не знам ама многу чуден сон.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Седам јас на една огромна маса, на масата седнати исто многу луѓе и сите играа карти со тој карши нив. И јас играв со тој карши мене и почнаа да ми се јавуваат чувства за него, т.е полека почнав да се заљубувам во него. И сега ова беше нешто како забава што знам што беше пошто имаше балони и украси во една огромна куќа уствари мислам дека беше онаа куќата од Каспер филмот ако се сеќава некој кога правеше забава оваа девојката. Е таму беше масата.
И излегувам јас од куќата, преминувам улица и одам во друга помала куќа и сега таму се спремаат јадења за да носат во оваа другава куќа.
И јас се распрашувам кај овие готвачиве демек одоколу ова она за да дознаам кој е тој карши мене пошто веќе апла се заљубив и само таму ми беше мозокот.
И никој ништо не знам да ми каже ни зошто сме собрани ни кој е дечкото. И се враќам јас во куќава, па заклучено а овој ме гледа од прозор и тука пар романтични глупости нема врска, финтата беше демек симпатиите беа обострани.
Е сега имаше нешто ко мала бина и микрофон во салата со масата и еден човек стана, зеде чаша и вика доста беше играње карти сега да прославиме уствари за причината за која сме тука. И јас си викам е конечно ќе дознаам... И најголемото разочарување што сум го доживеала во сон, сме се собрале за забава за веридбата на тој дечкото карши мене. :eek

И ај сега што може да значи љубовнава приказна со несреќен крај :rofl
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Во последно време често го сонувам училиштето од основно. Е така и сношти.
Сонувам како се враќам од голем одмор, и влагам во ВЦ кога гледам обесена девојка а моментално почнуваат да трепкаат и сијалиците (ептен мејнстрим моменАт). Се скаменив кога ја видов и неможев ни да мрднам од страв и пополека се враќав назад за да излезам од ВЦ. Пред да викнам по некој, обесенава девојка ја сврте главата и се насмеа а јас шпринт накај училницата. Секогаш сонувам сонови во таа училница, втор кат десно последната одма до ВЦ-то. Влегов во училницата и гледам сите исплашени собрани во круг праат муабет за некоја секта, и за некои гумени ракавици што ги нашле испрскани со крв. И таман да му кажам што сум видела се отвара вратата и влага девојката... Шо ни се десило натаму незнам зашо се разбудив. Среќа.

Вториот сон е врвот. Ми се јавил Жаре оној водителот од Еден на Еден да му гостувам во емисија. (facepalm)
Крај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

sandra987

Нов член
9 март 2015
1
0
1
Пред некоја вечер сонував како седам во дневна, и почна нешто да ме лази по лицето кога фатив со раката беше пајак, се свртив назад и на ѕидот имаше премногу пајаци. Зедов метла и ги турнав сите на подот и ги отепав, ги собрав сите на едно место и ги смачкав со рака како топка. Во меѓувреме заѕвони ѕвончето мм стана види кој е и тогаш во соба влегоја вујкоми, братучедами и бабами кои живеат во странстов (гостите не беа очекувани)и тука се разбудив.
А сношти сонував како да дошол денот на свадбата (која во реалност ќе биди по 3 месеци),и се видов во огледало во венчаницата во која не се бендисав беше нова, бела, чиста но долниот дел од венчаницата не беше како што треба широк беше тесен а јас бев премногу нервозна и готова да се расплачам.
Ајде ве очекувам да ми кажите што значат овие сонови, кога се будев имав некое чудно чувсто :(