Прво, да ти одговорам на прашањето. Автономните зони во целост не се/беа медиумски покриени. Само 2-3 телевизии известува за случувањата, иако на прес се појавуваа сите. Оттаму, сфаќам зошто повеќето немаат комплетна слика за се' тоа што се заложува Студентскиот пленум. Саладин убаво ти одговорил, ама истото ќе ти го одговорам и јас. Дали присуствуваше на барем едно од отворените дискусии по факултетите? На Филозофски речиси секој ден имаше отворена дебата за тоа што се не чини во високото образование. Исти трибини беа одржани и на техничкиот кампус, Економски, Правен итн. Јас бев во можност да следам прекрасни излагања на студенти кои спомнаа многу повеќе од проблемот со непрактичноста од воведувањето на државниот испит. Укинувањето на државниот испит не е целта, туку беше предуслов за учество во создавањето на нов закон со кој ќе се подобри, како што напоменав, студентскиот стандард. Беше говорено за социјалниот состојба на студентите, условите во домовите, застарената литература недостиг од истата или катастрофалните преводи. Понатаму, несинхронизираноста на практичната настава со теорија, недостиг на истражувачки центри, меѓуфакултетски секции, културни настани и збиднувања итн итн да не редам.
Во контекст на тоа да додадам, дека официјалното барање на Студентскиот пленум е создавање на еден сосема нов закон, без крпенки и лепенки кој во себе ќе ги вклучи сите оние мал милион проблеми што ги спомнав погоре. Работните групи во себе ќе содржат студенти од сите факултети, изнесувајќи ги проблемите од матичните факултети за кои ќе се бара решение со кои ќе бидат решени во новиот закон.
И да, Студентскиот парламент не е легитимно претставничко студентско тело бидејќи нивниот мандат заврши во октомври/ноември.