Отецот не беше малку луд туку многу...Не можам да замислам дека некој може да живее во толкаво негирање...Го негира цел свој живот...
Многу интересен лик...смирен, позитивен (нели), така ведар....
А оној другиот, Адам, сељачина со големо С...онака сељак мангуп или мафијаш не знам како да го наречам....Многу ме нервираше со настапот и пристапот кон луѓето, ме изнервира заради ќотекот што му го удри на отецот на неколку пати , ме нервираше што го притискаше константно, а тоа апсолутно не беше негова работа...
Кој му дал за право да го пика носот во туѓ живот?
Кој му дал за право тој да го менува отецот...?
Иако на крајот излезе дека и двајцата се сменија...
Апсолутно сите ликови беа благо психички пореметени...Дебелиот со пиењето и перверзноста...Арапот со своите бубачки во главата, дури и докторот кој во се‘ најде хумор...Бил ко пола Кенеди во главата, оф мајко
...
А најјако ми беше што “главниот “ од нацистите Арапот го погоди два пати еднаш во близина на срцето и уште еднаш в грб и тој стана како нов и си замина на две нозе до кола...а отецот пак го звизна куршум в глава кој му о отстрани тумурот...колкави се шансите?
Ама во глобала ми се допадна, интересен...пред се’ ми се допадна што не е амерички, европските се секогаш позабегани...
Иако забеган, мрачен, сепак остава впечаток...