Познавам хомосексуална фамилија две мајки кои имаат 3 деца и функционираат прекрасно. Децата се преполнети со љубов и внимание, мајките ги учат на се што е потребно. Едноставно и ја сум на некој начин дел од таа фамилија што се дружиме заедно низ годиниве, и децата растат осознаваат.Сеуште не се критикувани, ниту одбегнувани од околината правиме муабет за дете од 13 години 7 години и 5 години
Ми рече душичка, од психата произлегува да си геј
Но комент друга тема е тоа.
Мое мислење е дека постојат голем број на такви семејства кај нас, кои не се легализирани со брак но функционираат на тој начин. Реалноста е дека општеството кај нас ги критикува хомосексуалците, и кога би се вовело легализирање на бракот ќе настанат големи судири. Исто така кога легално и јавно би го посвоиле тоа дете ќе продолжат судирите. Колку и сакам да изнесам поинакво мислење тоа е реалноста кај нас. Ќе треба период да се промени тоа, и никој неможе друг да ја смени освен ние, овие генерации кои идат наредни, воспитувањето на децата кои моментално растат и учат од родителите. Но поради предрасудите на родителите дел од тие деца ќе ги превземат нивните мислења како свои.
Но, од друга страна, ако имаме хомосексуално семејство од две мајки/ двајца татковци кои се полни со љубов и се што сакаат е да имаат семејство, детенце кученце убава куќа и сонот се исполнил. Имаат средства, желба се што е потребно да створат семејство, од друга страна имаме дете кое е напуштено од родител нема семејство зошто тоа дете да не биде сакано и да има пристоен живот и да израсне во здрава личност која ќе може да се школува и да ги види убавините на светов затоа сум ЗА посвојувањето деца од страна на хомосексуалците.