мајката геј мислев на геј брак каде еден од мажите глуми мајкаМајката жена и мајката геј... Мислиш на еден од геј мажите за оваа вторава?
А ако е мајката геј жената лезбејка, тогаш што ја прави поразлична и помалку способна да гледа дете од оваа другава?
колку и да се труди не може да биде она што би била една жена едноставно тоа не може да се опише таа мајчинска врска
тоа е најтажното што има деца кои домашно не се воспитани немаат никаква култура па своите фрустрации и нервоза ги истураат врз помирните децаКога-тогаш секој дознава дека постои хомосексуалност, без разлика на родителите.
Болдот: тука проблемот е во тие деца кои си даваат право да навредуваат друго дете. Тука проблемот е во нивното воспитување, култура и карактер. Башка, многу деца се навредувани од други деца од разни причини, тоа не е ништо ново. Него, подобро ли е тоа дете да биде нарекувано и исмеавано како п***р или како сираче? Отфрлен од сопствените биолошки родители? Непосакуван?
А што е со хетеро луѓето кои не можат да имаат деца? Зошто пак они да го имаат правото на посвојување кога не можат да создадат свои деца?
сеедно дали ќе го нарекуваат геј или сираче тоа ќе го повреди детето
сепак и во минатиот пост напишав тажно е тоа што кај нас се уште луѓето имаат затапени сфаќања за некои работи кои не се табу тема во Европа