Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Бидејќи е бесцелно постојано да се повторуваме, а луѓето ништо да не работат, а само да зборуваат - треба да знаете дека Телемата не е за робови-те. Седнете и одлучете кај сте и што сте. Што и да одлучите дека сте - тоа нека ви биде. Зарем ќе се мешаме во вашите животи? Не.

За оние кои прашуваат постојано, ете
тука има сума-сумарум доволно за да ве натера да земете книга в раце, не да прашувате за значења на работи чии поими сте ги научиле кој знае каде. Одговорот ќе биде ист како прашањето - за никаде.
За оние кои имаат доволно разбирање, има тема
Ритуали - видете што ќе најдете, видете дали ќе имате волја да ги пробате - запишете што сте добиле после 22 пати изведување на праксите! Има цитати од книги, пролистајте ги - не бидете мрзливци. Ако пак до толку не ве интересира Телема - зошто се заморувате и го трошите времето на Земјата залудно?
Пробајте да научите за Магиката, како да ја користите. Сепак Магиката е Наука и Уметност!

Бидејќи тука не гледам конструктивни муабети... очекував напади, критика негативна - да, но не може да критикувате нешто или пак да прашувате за истото ако не знаете ништо за тоа. Од тука учите? Од форуми? Од мојот блог?
Знаете колку морав да прочитам, да научам, да имам искуство, да се променам за да можам да напишам тоа што го има на блогот?
Вие сакате да не криткикуавате, од она што ние сме напишале (онолку колку што сметаме дека треба да биде кажано)?

Не така.

И на крај, добро е да ја посетите официјалната страна на Ordo Templi Orientis Македонија [линк] и да видите официјално што се зборува и како! Би ви понудил и линк од A.'.A.'. но вие основните книги не сте ги поминале, та со овие ли работи ќе се заморувате? Не верувам.

Потоа, дојдете и ќе разговараме. Вака, е смешно - и не ми се ни муабети, ќе треба да ви ги скокам прашањата и размислите и да си пишувам она што мислам да си го кажам. А тоа не би било во ред нели?
Имајте убав ден, црно-бели :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Бидејќи е бесцелно постојано да се повторуваме, а луѓето ништо да не работат, а само да зборуваат - треба да знаете дека Телемата не е за робови-те. Седнете и одлучете кај сте и што сте. Што и да одлучите дека сте - тоа нека ви биде. Зарем ќе се мешаме во вашите животи? Не.

За оние кои прашуваат постојано, ете
тука има сума-сумарум доволно за да ве натера да земете книга в раце, не да прашувате за значења на работи чии поими сте ги научиле кој знае каде. Одговорот ќе биде ист како прашањето - за никаде.
За оние кои имаат доволно разбирање, има тема
Ритуали - видете што ќе најдете, видете дали ќе имате волја да ги пробате - запишете што сте добиле после 22 пати изведување на праксите! Има цитати од книги, пролистајте ги - не бидете мрзливци.:)
@Хептаграм ,
Ако добро разбрав,според тебе односно телема, робовите се мрзливи и не работат ништо,и сите оние кој се во стариот еон "робови" (според вашето толкување)треба да одлучат дали во новиот еон ќе бидат кралеви.
Да не имаш грешка во поимот роб,бидејќи општо познато е дека, роб е слуга кој против своја волја или самиот се согласи да биде слуга на одреден господар,служејќи му и работејќи според барањата на господарот.
Малку конфузен си во ословувањето за поимот роб.
И во контекст на твојот прв линк,не мислиш дека премногу егоистички настапуваш со тоа,хептаграм не сака она,хептаграм не сака ова.,а сака ова или она.
Не гледам поврзаност со тоа дека телема е алатка со која човек би се осознал себеси,бидејќи судејќи според твоите искази и пишувања,ти кој треба да бидеш слика за тоа што преставува телема, сосема е спротивно.
Со што се поставува прашање ,дали водени од сопствените заблуди, не сте постанале самите робови на сопственото его?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Воопшто не си разбрал што сакам да кажам :( Но има луѓе што разбираат и одат понатаму


Не не и уште едно не во врска со робовите и како си разбрал од моето пишување. Затоа јас велам читајте книги... вие сакате од еден форум да пресдуите за Телемата? Ако имате таква цел, јалова ви е работата. Осудете и продолжете со она што го правите во животот.
Не сум конфузен - вие не читате книги и не се запознавате со нашиот систем на хиероглифи!
Ја имаш „Книгата на Законот“, ја имаш „Магика без Солзи“, ја имаш „Книга на лаги“, па тука се појави сега и „Книга на Лудоста или Мудроста“ [линк] ... има многу што да прочиташ, да научиш, да пробаш - да протолкуваш и разбереш!
Ако не ви се купуваат книгите, најдете ги на нет, читајте ги на англиски - сеедно е!
И нормално, да дојдеш да муабетиме, да философираме, да работиме заедно...


Ме чуди @alf твојата потреба да зборуваш негативно за Телемата и за Телемитите, без да си запознаен со истата таа философија... :) ТИ смета што е против старо-еонските религии? Дека бара од човекот не само да верува, ами и да има искуство и да знае?
Па тоа се чекаше со векови... и се уништуваше со векови од страна на Црните браќа (немој сега и за ова да ме прашуваш што значи и да ти е конфузно).


Запишаното на мојот блог е само совет. Братски совет до секој човек... Јас сакам такви луѓе, но дали ќе бидете такви - зависи од вас самите и вашата суштина. Многумина се повикани...

Телемата вели: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон. Љубовта е закон, љубов под волја.
Ваша работа е тоа што гледате и како во врска со Законот на Телема. Законот е да се даде секому. А на вас останува да одлучите според вашето знаење и разбирање :) Мене ми е сеедно. Јас го направив мојот избор многу одамна.


И јас не сум слика за тоа што преставува Телемата. :) Од каде сега тоа? На форум пак најмалку може некој да биде симбол на едно длабоко учење како Телемата!
Како што јас не судам за христијанството и исламот преку верниците и свештениците во храмовите - така и вие треба да правите: да судите според Законот, не според некој поединец како го практикува!
Научете го Законот преку неговите четири зраци: Libery, Love, Life, Light!

П.С. Ние сме „робови“ на ѕвезденото небо :)
Не знам што ти значи „его“, па нема да го коментирам. Сигурно нешто многу опасно е. Не е нешто што си го научил од Јунг.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Очекувано баше дека одговор ќе дадеш со понудени книги,линкови,многу просветлено од твоја страна.
Ти благодарам.

Стар или нов еон,не ми значи ништо,не му робувам на времето.

Телема ако била длабоко учење,нема да си напишал толку плиток пост на блогот.Дали воопшто прочита што си напишал?

Хептаграм не сака сива маса наречена публика за да стои до него читајќи му ги размислите, а неработејќи ништо, а дрдорејќи сенешто за работи кои не ги разбираат!
Хептаграм не сака читачи кои што само ќе го раскажуваат наоколу она што им го зборува преку сите овие примитивни алатки.
Хептаграм не сака пасивни луѓе чиј потенцијал се губи заради инертноста насобрана од старото време!!!

Хептаграм сака Вистински Луѓе до него кои, преку своето искуство, ќе ги раскажуваат своите патеки, а него ќе го спомнат како пријател, како камен на кој се одмориле талкајќи низ бесконечноста!
Сака магичари до него, тука на Земјата, чие што искуство ќе ги засени дури и ѕвездите на небото – кои ќе му помогнат на овој човек и тој да надмине, кога ќе подлегне на иксушенијата!
А ќе падне – секој паднал – зошто не и тој?

Не сака робови чие единствено самозадоволство ќе им биде некоја далечна и туѓа размисла за уште подалечна и туѓа слобода за која ќе се фатат како риба на јадица и ќе ја лигават низ нивната погана уста!


Морам да забележам дека навистина телема е алатка преку која човек се осознава,осозна што сакаш и што не сакаш.:zelen
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Воопшто не си разбрал што сакам да кажам :( Но има луѓе што разбираат и одат понатаму

Ме чуди @alf твојата потреба да зборуваш негативно за Телемата и за Телемитите, без да си запознаен со истата таа философија... :) ТИ смета што е против старо-еонските религии? Дека бара од човекот не само да верува, ами и да има искуство и да знае?
Па тоа се чекаше со векови... и се уништуваше со векови од страна на Црните браќа (немој сега и за ова да ме прашуваш што значи и да ти е конфузно).


Запишаното на мојот блог е само совет. Братски совет до секој човек... Јас сакам такви луѓе, но дали ќе бидете такви - зависи од вас самите и вашата суштина. Многумина се повикани...

Телемата вели: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон. Љубовта е закон, љубов под волја.
Ваша работа е тоа што гледате и како во врска со Законот на Телема. Законот е да се даде секому. А на вас останува да одлучите според вашето знаење и разбирање :) Мене ми е сеедно. Јас го направив мојот избор многу одамна.


И јас не сум слика за тоа што преставува Телемата. :) Од каде сега тоа? На форум пак најмалку може некој да биде симбол на едно длабоко учење како Телемата!
Како што јас не судам за христијанството и исламот преку верниците и свештениците во храмовите - така и вие треба да правите: да судите според Законот, не според некој поединец како го практикува!
Научете го Законот преку неговите четири зраци: Libery, Love, Life, Light!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Многумина ме имаат прашувано(по форуми, на блогот, фб) за тоа каква е таа волја за која што се зборува во философијата на Телема. Дали таа волја ги оправдува сите наши дејствија низ животот, дали таа волја е променлива, дали тоа значи да правиме што сакаме без да се заморуваме со другите итн. Некои ме прашувале и едно од најбитните прашања: како да ја спознаам таа волја за која постојано зборувал и Кроули и неговите наследници и денешни иницијанти, па и луѓе кои не се иницијанти!

Мојот скратен став е:
Волјата за која зборуваме не велиме да ја пронајдете! Па таа не е загубена, таа е само премногу комплексна од вашето несвесно дејствување и вие не може да ја препознаете истата, ниту пак знаете како да и се предадете целосно!
Јас велам да ја искристализирате вашата ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА Волја преку двете патеки со кои секој гради врска на внатрешното со надворешното и vice versa: МАГИКА и ЈОГА! Само така може да се постигне оваа „цел“ која ќе ви го олесни патот по кој што одите и ќе ви ги одмори аџиските стапала!

За повеќе, тука.

П.С.
Во Магика, Книга 4 (Magick, Book 4, се надевам наскоро ќе ја има и кај нас, на македонски јазик) многу добро се разработени овие работи. Не гледам потреба да бидат прераскажувани од моја страна.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ако до сега имавте негативни критики,еве и една позитивна.Одличен текст.
Само една забелешка.
Последната реченица..,

Јас велам да ја искристализирате вашата ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА Волја преку двете патеки со кои секој гради врска на внатрешното со надворешното и vice versa: МАГИКА и ЈОГА! Само така може да се постигне оваа „цел“ која ќе ви го олесни патот по кој што одите и ќе ви ги одмори аџиските стапала!

Никој нема право да присвојува,постојат повеќе начини и разни патеки за да се допре до тоа,не треба да се фаворизира или дава ексклузивитет дека само вака може да се постигне "целта ".
Си можел да кажеш дека телема го практикува тој начин.

Само како забелешка,другото е ОК!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Кога ќе практикувате магика и јога, ќе видите дека бесконечни се патеките и сето она што ќе го постигнете и научете.
Целта е да се покаже дека со философирање ништо не се добива ако не се работи.
Нурнувањето навнатре мора да биде преку Руах( разум ) и да се помине истиот... Убаво пишува во есејот зошто јога и магика.
Замислете две змии кои се испреплртуваат околу средниот столб на Дрвото на Животот. И voila :)

И јас напишав дека е ова мој став, може да разгледате други автори и да споредите...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and diva orhideja