Проблемот е што студентите зборуваат на јазик кој власта не го познава.
Не може да се очекува збирштина на накази и gomna позната под името власт во РМ да ги разбере студентите, колку и да се во право и колку и да настапат аргументирано. Тоа е очигледен факт, ете си го носат законот без разлика на протестите.
Ако се тргне од тој факт и се оди понатаму, прашањето е дали со мирни протести може било што да се промени. Одговорот е - не може.
Друго прашање е дали протестантите треба да почнат да зборуваат на јазикот кој наказните хемороидни чмарови од власта го разбираат. А тоа е насилството.
Би рекол дека треба само во случај ако својата иднина ја гледаат во РМ или иднината на нивните помали браќа и сестри. Бидејќи ништо нема да се смени на поарно ни за 5 ни за 10 години, само ќе оди на полошо и нејасните контури на диктатура ќе се оцртуваат се појасно и појасно, настрана економија и остали проблеми.
Што доведува до заклучок дека решението во поглед на иднината на поединец или група која е над моралното дно на власта е или крв или евакуација.
Евакуацијата е сама по себе протест, емиграцијата сама по себе зборува многу. Но таа не ја менува позицијата на оние кои останале.
Крв...којзнае. Сосема друга тема е тоа и не верувам дека има спремност за такво нешто.
Fight or Flight, старата еволуциона парадигма важи повеќе од било кога...