Бега(в)те ли од часови/предавања?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ама бидете искрејни не додавајте многу. :D
Јас бегав кога можев...
Само наместо како што правеа другите на почеток на година, јас бегав пред крај. Кога веќе имав "подобри" оценки и си имав забетонирано сигурна оценка. Не сакав да се печам на лето во школските клупи..:cool: Ама математика, секогаш ме зафркнуваше...:stomp
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Бегав во средно како луда во сите сведителства имав по 360 изостанци оправдани и неколку неоправдани :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Оуу да! И тоа трета и четврта година без осет :D си се собравме една група од 7-8 другарки од клас шо бевме, и не дај боже да закасниме 2 минути , часовите ни почнуваа во 2, ние 13:58 пред капија во школо и си викаме една на друга не бе нема да стигнеме ќе ни затвори портирот врата , ај во Кватро на кафе:kafe и ќе се појавиме на 4ти,5ти час таму :) или прва смена,после втори час идеме прво на јадење па кај која е сама дома на кафе :kafe и коа ќе си идевме накај дома сите идеме право во амбуланта по оправдание :rofl ....
Убави денови беа тие ....
По друго е на факс, не е тој филинг да кажеш избегал... ако не ми се иде не ни искачам од дома уопште, нема шо да се секирам дали ќе ме запишат (ко у средно) или дали ќе ми викаат мама или тато :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and Lily

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Уффф... тоа ми се случи 4 година на крајот, до тогаш бев напримерната ученичка, со ниеден неоправдан, што ми текна крајот на 4, баш најубавите денови, на мене по цели недели ме немаше во школо, и си купував оправданија како демек болна сум била, а класната наша трева паси да :D и после во свидетелство кога видов колку оправдани имам се шекнав :eek
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Средно е најубавиот период од животот, по кој што верувам дека секој што е 18+, жали. Не е убаво да се бега од часови нормално, ама многу голем филинг е кога следниот час закажала твојата професорка испрашување, ти си дознал за тоа, и на следниот час бидејќи си и бил отсутен те станува да одговараш, а ти кинеш со знаење.

Поука од ова: Немораш да одиш во средно за да научиш ако веќе имаш книга. Треба само 1-2% повеќе да го искористиш мозокот, да си бегаш од часови и да уживаш во убавото друштво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

AnneBoleyn

Активен Член
14 февруари 2012
144
193
43
In Chuck Bass' bedroom
На факс не бегав, ми требаше присуство за поени за оцена.
Во средно до трета бегав само ако се договориме како клас... а тоа ретко се случуваше. :D
Ама у четврта наплатив за сите претходни години. Нонстоп бев по околните кафичи или ако се успиев на први не ни идев. А најчесто за втора смена се успивав. На крај кога видов колку оправдани имав, сфатив дека ептен сум се опуштила.
Мама ме оправдуваше. :wub
Пошто бев најголемиот(единствениот) бубач у клас и сите ми беа петки, примерна бев, класната нормално и веруваше на мама.
И така најдобриот ученик во клас во четврта ретко да го видиш на час, ама кога идев моето присуство и тоа како беше забележано. :showoff
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Marrie

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Не бегав бе, примерна си бев и во средно и на факс :p
Е сега кога морав, или кога имаше јака причина да не се присуствува полека си одев....ама ретко тоа. :D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Не бегам, се ослободувам. Ме знаат како добра и примерна ученичка и секогаш ме пуштаат. Е сега, да сме начисто, ни јас не претерувам, ама си одам често. Без бегање, полека...
Или често знаеме, цел клас, оп троп, надвор. И се знае кај сме биле, или на кафе или на јадење.
А во основно ако си зацртав да не одам дента на школа, не одев ич. После носев ливче од родител,своерачно напишано, со Х причина за отсуство...
Така што, слабо стојам со бројката на неоправдани.