Во основно не бегав. Памтам во седмо сите избегавме од физика и после се вративме со плачење
А во средно, посебно трета и четврта, прво се молев дома ако немав научено за да не одам на училиште. Ама моите не ми дозволуваа такви луксузи и морав сама да се
снајдувам. Ќе отидев и набрзина ќе ми се„слошеше“, ќе почнеше да ме „боли“ заб и сл. И тогаш си заминував ослободена од класниот.
Кога немав веќе што да лажам, ќе отидев кај класниот и искрено му кажував дека мене не ми се седи на час и си одам. И ми ги оправдуваше изостаноците затоа што сум била искрена нели
И некогаш кога ќе си заминев не ме ни прашуваше кај сум била. Мирна бев на часови и не правев проблеми па затоа мии простуваше