The Godfather.
Од секогаш ми биле меѓу поомилените филмови, а во средно првиот дел ми беше број 1.
Прво и основно, приказната како приказна е занимлива, за тоа време оригинална и од повеќе аспекти длабоко разработена. Филмот како филм, режијата (стилот на снимање, за тоа време новините во снимањето и начинот на пренесување на приказната), глумата (изборот на глумци и нивната маестрална глума), сценографијата, костимографијата и сите попатни детали се беспрекорни. Според мене, кецот нема една слаба точка.
Мајкл Карлеоне ми е еден од омилените ликови од светот на филмовите. Лик кој само младиот Ал Пачино може да го оживее. Иако на почетокот на филмот, тој нема никаква врска со фамилијарниот бизнис, гледаме низ речиси 3 саати како суровиот насилен свет на неговите најблиски го претвора од ведар невин млад човек во ладнокрвен убица. Она што најмногу ми се допаѓа е неговиот став. Смирен, повлечен, ладен, интелегентен. Човек кој слуша и тивко размислува и тактички планира. Човек кој своите идеи ги чува само за себе и дејствува со ладна глава. Човек со стил, класа и елеганција. Начинот на кој седи. Неговиот поглед. Гласот. Да, 16 годишната MissChievous беше шармирана од Мајкл Корлеоне.
Приказната е долга, речиси како да не може да се подели на делови. Премногу ликови и премногу заплети и случки. Покрај Мајкл Корлеоне, не може да не се споменат перформансите на Марлон Брандо како Дон Вито Корлеоне, Џејмс Кан како Сони Корлеоне и Роберт Дувал како Том Хеген. Legen... wait for it... dary. "I'll make him an offer he can't refuse!" "Look how they massacred my boy!" "It's a Sicilian message. It means Luca Brasi sleeps with the fishes."
Бонус: музиката. Нино Рота е човекот. Сите го знаеме валцерот на Кумот, односно
главната тема, мислам дека дури постојат и луѓе кои ја знаат "песната", а не знаат за филмот. Исто така, сите ја знаеме
љубовната тема, односно кога Мајкл ќе се жени.