Шиндлеровата листа е генијален филм во кој се опишани храброста и хуманоста на еден добар човек во време на неопислива неправда и огромно зло, емотивна приказна прикажана толку реално и потресно, уникатно изнесена на филмското платно и за мене секогаш ќе биде еден многу моќен филм, но мојот глас во овој дуел оди кај Кумот кој не е само една интересна приказна и одличен филм за мафијата, него маестрално парче и трилогија што никако никој (без разлика на вкусот) не смее да ја пропушти.