Најдобри филмови, серии, актери, филмски ликови...

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Бидејќи е финале ќе ви го оставам до утре на полноќ да го решите дека нерешено е. После ќе почнеме со друг жанр, трилер и мистерија.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ако работиме како целина тогаш Лудницата. Кум 1 и 2 се одлични, 3ката е просечна поради слабата глума на Софија копола. Едино вреди за Пачино и кубанецов.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ахх ме разочаравте :( ама добро нема лутиш. :)
Победник во финалето и во жанрот драма е филмот One Flew Over Cuckoo's Nest
Го ставаме на листата на победници и на крај ќе ги пишеме сите филмови од сите жанрови. :)

Сега продолжуваме со трилер и мистерија. Бидејќи не можевме да ги поделиме затоа што се слични филмовите затоа ги споивме, гласањето наместо 5 дена ќе биде 3 затоа што филмовите се познати и нема да морате да ги гледате. :)
Да почнеме.

Првиот дуел е помеѓу Se7en и Mystic River

Ајдеее на гласање. :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Знаев дека секогаш на крај се си доаѓа на свое место :D

За Seven... Пред да го гледам, мислев дека е којзнае што, филм со некоја невидена содржина и со којзнае каков пресврт, ама кога го изгледав што знам... Да не бев толкав фан на мистериите и да не му ги сакав толку многу филмовите на Финчер, можеби ќе гласав за Seven, ама поради тоа што филмов е ок, ама не е она што би го очекувала од некој таков мастер ко што е за мене Финчер кога се работи за овој жанр, глас давам за Mystic River. Ќе си ја цитирам и рецензијата и впечатоците кога за прв пат сум го погледнала ко некоја причина плус за гласот :)

Mystic River (2003)
Crime/Drama/Mystery
http://www.imdb.com/title/tt0327056/?ref_=nv_sr_1

Патиштата на тројца пријатели од детството повторно ќе бидат споени откако ќе се случи трагедија-убиство на ќерката на еден од нив. Истрагата и текот на филмот ќе ви изгледаат предвидливи и лесни, но тоа што овој филм го прави поразличен од другите крими филмови со истраги е тоа што тука ништо не е како што изгледа. Совршениот заплет ме натера да му дадам висока оцена. И како што викаат тука крајот го краси делото. 9ка!

Клинт Иствуд одчично си ја завршил работата како режисер, како за приказната, така и за изборот на актери.
Шон Пен во одлично издание на очаен татко кој е спремен на се само да го најде убиецот на својата ќерка, Кевин Бејкон како полицаец кој е задолжен за истрагата и Тим Робинс како очаен човек кој се бори со своите демони, преживувајќи пекол после траумите кои ги доживеал во детството.

Ви ветувам дека приказната за овие тројца пријатели нема да ве остави рамнодушни и затоа топло и од срце ви го препорачувам!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr