`Третата нога` сигурно има јака спиритуална симболика...
Легендата вели дека третата нога, или нашироко позната ко
бастунот на мудроста, потекнува од древната македонска култура и го поврзува Македонецот со корените на земјата преку кои неговите предци ги црпеле своите неизмерни знаења.
Ритуалите вклучувале поткопување на почвата со третата нога додека било скандирано името на древниот водич на парт...племето - Ни'к Ла, а по присвојувањето на христијанството на овие простори, се појавиле и световните водичи кои проповедаат и до ден-денес...оттогаш и правилото да се носат мантии, за да може третата нога секогаш да е во контакт со почвата, thus да црпи мудрости.
Кога водичот ќе се појавел после толку скандирања, мудроста била пренесена и спремна за понатамошно ширење.
Денес, овие нозе се користат за
мерење на знаењата, а резултат на тоа се многуте дебати на теми во кои Македонецот со вродена трета нога е флуентен од раѓање. Третата нога е
столбот за решавање на сите историски и социо-економски кризи, а решенијата за истите најчесто се среќаваат пред локална продавница, на чешма, во меанче, или за поуспешните - во емисиите на Миленко/Мирка и Јанко-Бурек, каде третата нога неретко
влегува во сосема нова димензија, вклучувајќи ја и мајката...почва.
Едуцирајте се малце.
![Се мисли :^) :^)](/images/emoji/wonder_animated.png)