Ах бре луѓе, смешки читам овде.
Мешање на религии, продавање на бубрези, не донирање органи по смртта. И лаички одговори на глупави прашања.
Само набрзинка еден одговор да дадам. Донираниот орган не само во болница може да се отфрли. Да, може таму, но тоа може да се случи и по неколку месеци па дури и години. И не се случува така ретко, и да, се вбројува во отфрглање на органи. Проверете ги прво „убедливите“ одговори што ги давате тука, често грешите, а луѓе навистина може да ви поверуваат.
Туку да се навратиме на темата. Се имам мислам изјаснето и претходно дека додека сум жива есенцијални органи од типот на бубрег би дала на моите најблиски, а по мојата смрт сум целосно согласна употребливите органи да се донираат.
Ајде да разгледаме од еден друг, не религиски аспект. Животецов е чудна појава, а смртта е природен составен дел. Сите ќе умреме еден ден, но и сите се бориме овие броени години да ги направиме поудобни за живеење. По смртта, од физички аспект, нашето тело станува предмет, кој секако, ако смеам да кажам, од сентиментален аспект е болен за другите. Нема никаква функција, нема никаква мозочна активност, по првите часови ги губи сите рефлекси (и не мислам тука на напуштањето на душата, лебдењето 40 дена и другите слични работи). Претставува предмет кој ретроспективно ги тера луѓето приврзани за него да мислат на животецот на тоа што некогаш било човек.
Како и секаде, отворена средина, метаболички процеси на бактерии, и почнува да се распаѓа. Значи нема веќе никаква функција, не може никако да се задржи.
Затоа едноставно не ја гледам причината за донирање на здравите органи, затоа што и онака тие ќе скапат ако не се употребат. Барем ќе помогнат на некој кутар болен, кој се труди да го продолжи животецов барем за уште кратко.
Од друга страна не разбирам зошто некој не би прифатил компатибилен орган, а животот му зависи од тоа. Страно тело викате, м? Ондак и сите пломби во устата се страни тела, обетките по ушите се страни тела, вештачките колкови се страни тела, плочките и шините кои се ставаат при скршенци се исто така. А тие без проблем се прифаќаат. Донорските органи, функционално гледано, не се повеќе од еден вештачки колк, или забен имплант.
Но добро, не секој на крај размислува исто.
И уште ова, пак би повторила, малку проверете ги одговорите што толку сигурно ги давате, во случајов поврзани со медицината.