За оваа тема ме поттикна вчерашниот празник Рамазан Бајрам и денешните збиднувања на работа,сите лажни лицемерни и не од срце искажани честитања,па ке мора и да цитирам некои одурни изјави како -Овие,донесоа ли баклава да частат!Што луѓе станавме,алал нека ние.Верата стана една социолошка глупост,слепо црево на филозофијата.Колку и да напредуваме,да се усовршуваме,ние дефинитивно никогаш нема да бидеме совршени а нарочито кога е прашање за религијаОчигледно е дека религијата не ни нуди ништо конкретно,мислам дека само го отупува или ако милувате го оглупува народот.Зошто постои омраза помеѓу религиите,зошто постои рат?Зошто не постои една религија која ке ги обедини сите вери?Дали цепкањето на разни верски организации,секти,придонесе до вакво непочитување,омраза кон другите вери?Мислам дека разни вери се како разни реки,но на крај пак се влеваат во исто море.