1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Својата вера ја сакаме, а на туѓата се смееме

Дискусија во форумот 'Религија' започната од diva orhideja, 29 јули 2014.

  1. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    За оваа тема ме поттикна вчерашниот празник Рамазан Бајрам и денешните збиднувања на работа,сите лажни лицемерни и не од срце искажани честитања,па ке мора и да цитирам некои одурни изјави како -Овие,донесоа ли баклава да частат!Што луѓе станавме,алал нека ние.Верата стана една социолошка глупост,слепо црево на филозофијата.Колку и да напредуваме,да се усовршуваме,ние дефинитивно никогаш нема да бидеме совршени а нарочито кога е прашање за религијаОчигледно е дека религијата не ни нуди ништо конкретно,мислам дека само го отупува или ако милувате го оглупува народот.Зошто постои омраза помеѓу религиите,зошто постои рат?Зошто не постои една религија која ке ги обедини сите вери?Дали цепкањето на разни верски организации,секти,придонесе до вакво непочитување,омраза кон другите вери?Мислам дека разни вери се како разни реки,но на крај пак се влеваат во исто море.
     
    На Sagan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Најстарата а и вистинската вера е Христијанската вера
    другите се создале како резултат на противењето кон таа вера или некое незадоволство
    ова се ти го дава одговорот на твоето прашање
     
  3. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    :patos најстара ој куку. Ниту е најстара ниту е највистинита
     
    На Lena, Electra, Sagan и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Христијанството постои 2000 години. Исламот 1600. Јудизмот постои пред нив. Будизмот 2400-2600.
    Религијата постои откако постои човекот. измислена од човекот заради тоа што не можел да си објасни некои појави.
    Вистинска? Изгледа ти е испран мозокот. Во било која религија основа е љубовта, почитта и разбирањето. Во никоја религија нема омраза.
    Кои религии се создале? Мислиш на православието? Католицизмот? Тоа се поделби.
    Ако мислиш на исламот тогаш си грешка. Ако мислиш дека Исламот е копија на Христијанството, тогаш и христијанството ти е некоја верзија на јудизмот. Тие се аврамистички (Абрахамистички религии) кои се монотеистички и потекнуваат од Аврам (Абрахам) или признаваат традиција со него.
    ***
    Знаат твоите дома дека тресиш зелени на форум?
     
  5. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Велиш во било која религија е љубовта,почитта и разбирањето,но зашто има омраза меѓу религиите,зошто не се почитуваме едни со други,зошто се обидуваме да докажеме дека нашата вера е исправна а таа некоја друга нее?Дали прашањето лежи кај нас самите,во човекот и неговата болна потреба за докажување дека е поумен,дека е подобар,потребата да биде водич?Еве пример ни е форумов,повеке има докажувања и навредувања него ли нормални дискусии со агрументи,и ниедна страна несака да се обиде да го сфати другиот а камоли да размисли дека можеби е он во право.
     
    На МалиСашко му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Омраза меѓу религиите? Бејби, има омраза во секоја религија. Православието против католицизмот (Хрватска, БиХ - 1991-1995).
    Исламот - Шиити против Сунити. Да тргнеме од опкружувањето. Комшија со комшија се кара.
    Нема омраза меѓу религиите. Омразата е креирана од некои кои ја злоупотребуваат истата за некакви цели (читај: власт, моќ, пари). Во основа религијата е вештачка поделба. Или националната поделба. Тие за мене се иста поделба како кај политичките партии. Служат за поделба и раскарување на луѓето. Поделен народ подобро се владее.
    Навреда на форумов е да спуштиш некој на земја? Дека христијанството била најстара и највистинска?
    Чекај малку, централна личност во христијанството е Исус. Исус бил евреин, дали христијаните се евреи?
     
    #6 Y1K991, 29 јули 2014
    Последна промена: 29 јули 2014
    На Electra, Prashina и Idiot им се допаѓа ова.
  7. Sagan

    Sagan Полноправен Член

    Зачленет на:
    20 јануари 2014
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    54
    Јудаизмот е дупла постара монотеистичка религија од рисјанството (~4000 години).
    Политеистичките е беспредметно да ги спомнувам, крај ќе нема.
    Он: милитантниот атеист е милион пати подобар човек од најмирољубивиот религиозен.
     
    На Lena, Electra, Y1K991 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Освен Енвер Хоџа и Пол Пот, тие биле ха-це :zelen
     
  9. Sagan

    Sagan Полноправен Член

    Зачленет на:
    20 јануари 2014
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    54
    Двајцата тиранијата и злосторствата не ги вршеле „во име на атеизмот“ туку на комунизмот.
    Пример е Сталин, кој бил раснат во многу религиозно семејство, го спремале да биде свештеник, а и тој самиот во раните години бил религиозен. Маркс е роден Евреин кој преминал во Христијанство, Троцки бил исто Евреин.
    „Верувам дека дејствувам согласно вољата на семоќниот Креатор. Борејќи се против Евреите, се борам за божјите дела“ Хитлер, Mein Kampg.
    Пол Пот е израснат како будист и христијанин.
    Сите наведени себе си се претставувале како месии кои се дојдени да ги спасат нациите на кои ѝм припаѓаат.
    Ако милитантниот атеизам го сфатиме како реакција против злоупотребата на религијата врз луѓето, тогаш наведените не само што не се атеисти, туку се и жртви на религиите.
     
  10. МалиСашко

    МалиСашко Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 јануари 2014
    Мислења:
    466
    Допаѓања:
    347
    Чудно е што се објаснуваме за нешто што ни е наметнато. Ти не избираш во која религија ќе бидеш насочен, туку едноставно тоа е игра на среќа. Омразата помеѓу религиите е насилно наметната поради „гсветски интереси“. Светските владетели ја искористуваат човековата глупавост ко и стално. Војуваат шиити против сунити од вески побуди, а големците му продаваат оружје и им ја земаат нафтата бадијала...

    Најмизерното е што се расправаме за тоа дека „нашата“ е подобра и повистинска и со тоа ги нарушуваме најосновните норми на религијата...
    Едноставно...
    fighting for peace is like fucking for virginity
     

Сподели: