Ислам

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не се бранеле од никого,ја ширеле само божјата објава.Штета што масовно целиот Балкан не го прифати Исламот на време.Ама не е касно никогаш.
Балканот кога ќе слушне ислам,одма го асоцира на Тероризам,насилство,луѓе бомба.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Не се бранеле од никого,ја ширеле само божјата објава.Штета што масовно целиот Балкан не го прифати Исламот на време.Ама не е касно никогаш.
На пример не смее муслиманите да напаѓаат без причина ,туку ако некој не нападне заради тоа што сме и почне да војува само заради нашата вера дозволено е да војуваме.
Тоа "ширење" го правеле со меч, со освојување и убивање! Ти тврдеше дека исламот дозволувал употреба на сила само во случај на самоодбрана, а сега одобруваш воено освојување кое немало ништо со никаква одбрана затоа што со него се ширел исламот?! Можно е да не гледаш колку си контрадикторна?

Куранот и библијата се верски книги во кои лошо нема ништо напишано.Религијата е еден бизнис,а религиозноста е индивидуална и секој по свое убедување.Погледни само католицизмот порано што правеле со жената во врска со сексот,со неверството.Колку само оргијале,инцести колку сакаш,татко со керка или со снаа,брат со сестра.Сега ке го има на Сител ТВ серискиот филм Борџии,па да видиш какви гнасотии правеле само за еден престол.Јас ја имам книгата прочитано.Хомичите и педофилијата биле на велико забава и тоа се користеле мали машки деца на слугите.
Затоа реков дека секој што ги толкува светите книги буквално, или што само своето толкување се обидува да го наметне како догма, е во заблуда.
Се додека својата идеја за Вистината се промовира како единствено прифатлива за сите, ќе има конфликти, омраза, лицемерие и војни.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Исламот е спротивност на сета таа западна декаденција, неморалност и дволичност и затоа како религија е во подем.Убиства,самоубиства, проституција ,криминал,понижување на жената и растурање на семејните вредности се во најголем процент кај немуслиманските општества.Можеби некогаш христијанствотокако религија можело да се спротистави на овие појави , ама за жал сега е ослабната и растурена од некои луѓе во светов што си спремаат одреден поредок.З а среќа нема да можат исламот да го уништат на никој начин ,колку и да ги толчат муслиманите Аллах ги умножува.И за на крај до сите хрситијани-нека не се плашат од исламот ,таму немаат непријатели , непријателите нека си ги побараат кај евреите и ватикан.

Uhm...Иран е земја која има смртна казна за поседување дрога, бесат раја по кранови.
Истовремено Иран е земја со најголема наркоманска популација по глава на жител во светот, за разлика од минатото пред исламската револуција. Wonder why?
Ако шверцерот и дилерот ризикуваат смрт, цената ќе биде ненормална. Ако цената е ненормална рандом Рамадан со израз на долар во очите како на цртаните ќе влезе во `бизнисот`. Се` понатаму е логичен след на настаните.
Е сега западот е криф нели...oh wait чунки комшии им се Афган каде се произведувал 80% од хероинот во светот под власт на веројатно најголемиот дилер на светот ел пресиденте Хамид Карзаи (иначе посветен муслиман) кој со неговиот клан управуваат со наркотрафик царство према кое мексичките и колумбиските картели се аматери.

Тоа е таа исламска праведност.
Ок сега Иран се шиити па може не се како шо треба :cool:
Ама Афган се сунити, каде и да се свртиш газот отпозади.
Се надевам ќе биде избегната реплика од типот `ами вие рисјаните` пошто јас сум неверник.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Незнам кој им бил мотивот на Маврите и Отоманците,ама не било толку лошо и во тие империи.Науката и учењето е стимулирана во Исламот,сите антички знаења се зачуванби благодарение на арапите.
Еве да ги тргнеме турците и нивната експанзионистичка политика (13-14 век) на страна. Што со Арапите (сарацените) и нивната експанзионистичка политика во 7-8 век кон европските држави кои граничеле со арапските калифати а веќе некое време се под христијанска вера (папство и патријаршија). Што со неколкуте опсади на Константинопол во 8ми век?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot and Abraxas

Desert Rose

Нов член
20 јуни 2014
17
8
3
45
Uhm...Иран е земја која има смртна казна за поседување дрога, бесат раја по кранови.
Истовремено Иран е земја со најголема наркоманска популација по глава на жител во светот, за разлика од минатото пред исламската револуција. Wonder why?
Ако шверцерот и дилерот ризикуваат смрт, цената ќе биде ненормална. Ако цената е ненормална рандом Рамадан со израз на долар во очите како на цртаните ќе влезе во `бизнисот`. Се` понатаму е логичен след на настаните.
Е сега западот е криф нели...oh wait чунки комшии им се Афган каде се произведувал 80% од хероинот во светот под власт на веројатно најголемиот дилер на светот ел пресиденте Хамид Карзаи (иначе посветен муслиман) кој со неговиот клан управуваат со наркотрафик царство према кое мексичките и колумбиските картели се аматери.

Тоа е таа исламска праведност.
Ок сега Иран се шиити па може не се како шо треба :cool:
Ама Афган се сунити, каде и да се свртиш газот отпозади.
Се надевам ќе биде избегната реплика од типот `ами вие рисјаните` пошто јас сум неверник.
Па за да се сфати најубаво исламот треба да се прочита Куранот,не треба да се прават споредби абе во оваа земја е вака ,ваму е така,муслиманите сум слушнал/видел правеле ова правеле она.Од тоа произлегуваат предрасуди и незнаење.Јас на пример сум слушнала за атеистите или за христијаните нешто и?Треба одма да се генерализира да,да сите христијани и атеисти се такви.Инаку сите луѓе од секакви раси,етноси,вери и невери сме склони кон грешења и испади.Далеку сме од совршенство колку и да се стремиме да го достигнеме.И што ако си неверник,да знаеш какви окорели атеисти сум познавала па сега се побожни муслимани Елхамдулиллах,ама тоа е Севишниот за секого има план .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Па за да се сфати најубаво исламот треба да се прочита Куранот,не треба да се прават споредби абе во оваа земја е вака ,ваму е така,муслиманите сум слушнал/видел правеле ова правеле она.Од тоа произлегуваат предрасуди и незнаење.Јас на пример сум слушнала за атеистите или за христијаните нешто и?Треба одма да се генерализира да,да сите христијани и атеисти се такви.Инаку сите луѓе од секакви раси,етноси,вери и невери сме склони кон грешења и испади.Далеку сме од совршенство колку и да се стремиме да го достигнеме.И што ако си неверник,да знаеш какви окорели атеисти сум познавала па сега се побожни муслимани Елхамдулиллах,ама тоа е Севишниот за секого има план .
Е па затоа во земјите кои не се третираат како секуларни а исламот е главна религија, ете ти го законот на шеријатот. Да бевме среден век сите сега, ќе речев можда нешто друго, ама срамота е во 21 век со вакви уназадени сфаќања.
Не ти е потребна религија за да имаш морални вредности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Idiot

Desert Rose

Нов член
20 јуни 2014
17
8
3
45
Е па затоа во земјите кои не се третираат како секуларни а исламот е главна религија, ете ти го законот на шеријатот. Да бевме среден век сите сега, ќе речев можда нешто друго, ама срамота е во 21 век со вакви уназадени сфаќања.
Не ти е потребна религија за да имаш морални вредности.
За жал повекето од денешните муслимански земји се далеку од шеријат,кога имало шеријат во нив тие цветале-мислам на земјите од блиски исток.Какви се тие уназадени сфаќања во 21 век?А за религијата и моралноста тоа е твое мислење.
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па за да се сфати најубаво исламот треба да се прочита Куранот,не треба да се прават споредби абе во оваа земја е вака ,ваму е така,муслиманите сум слушнал/видел правеле ова правеле она.Од тоа произлегуваат предрасуди и незнаење.Јас на пример сум слушнала за атеистите или за христијаните нешто и?Треба одма да се генерализира да,да сите христијани и атеисти се такви.Инаку сите луѓе од секакви раси,етноси,вери и невери сме склони кон грешења и испади.Далеку сме од совршенство колку и да се стремиме да го достигнеме.И што ако си неверник,да знаеш какви окорели атеисти сум познавала па сега се побожни муслимани Елхамдулиллах,ама тоа е Севишниот за секого има план .

Муабетот ти беше дека западот бил крив поради ширење неморал на што ти беше реплицирано дека 80% од светската продукција на хероин е во муслиманска земја. Не е само Карзаи и неговиот клан, за да се произведат 6000+ тони (!?) хероин месечно и тие понатаму да се дистрибуираат потребна е опсежна работа на десетици илјади муслимани. Who`s the rotten apple then...

http://www.dailymail.co.uk/news/art...hest-levels-ahead-NATO-troops-withdrawal.html

Исламот е спротивност на сета таа западна декаденција, неморалност и дволичност и затоа како религија е во подем.Убиства,самоубиства, проституција ,криминал,понижување на жената и растурање на семејните вредности се во најголем процент кај немуслиманските општества.Можеби некогаш христијанствотокако религија можело да се спротистави на овие појави , ама за жал сега е ослабната и растурена од некои луѓе во светов што си спремаат одреден поредок.З а среќа нема да можат исламот да го уништат на никој начин ,колку и да ги толчат муслиманите Аллах ги умножува.И за на крај до сите хрситијани-нека не се плашат од исламот ,таму немаат непријатели , непријателите нека си ги побараат кај евреите и ватикан.

...како кралската фамилија Ал-Сауд, апсолутните господари на Сауди Арабија и финансиери на ширењето на исламот по светот.
http://www.telegraph.co.uk/news/wor...ed-manservant-to-serve-jail-term-at-home.html

Pederski и остали оргии, дрога, коцка, хареми, алкохол, приватни џетови со кои одат на екскурзии до Монте Карло да се почестат со троа младо руско-украинско месо, кокаин и некое милионче на рулет, колку да им помине време.
Овие ждерат свињетина, локаат вино и шмркаат кока за Рамазан, нивните поданици се жртвуваат во име на Аллллах...
 
Последна промена:

Desert Rose

Нов член
20 јуни 2014
17
8
3
45
Муабетот ти беше дека западот бил крив поради ширење неморал на што ти беше реплицирано дека 80% од светската продукција на хероин е во муслиманска земја. Не е само Карзаи и неговиот клан, за да се произведат 6000+ тони (!?) хероин месечно и тие понатаму да се дистрибуираат потребна е опсежна работа на десетици илјади муслимани. Who`s the rotten apple then...

http://www.dailymail.co.uk/news/art...hest-levels-ahead-NATO-troops-withdrawal.html



...како кралската фамилија Ал-Сауд, апсолутните господари на Сауди Арабија и финансиери на ширењето на исламот по светот.
http://www.telegraph.co.uk/news/wor...ed-manservant-to-serve-jail-term-at-home.html

Pederski и остали оргии, дрога, коцка, хареми, алкохол, приватни џетови со кои одат на екскурзии до Монте Карло да се почестат со троа младо руско-украинско месо, кокаин и некое милионче на рулет, колку да им помине време.
Овие ждерат свињетина, локаат вино и шмркаат кока за Рамазан, нивните поданици се жртвуваат во име на Аллллах...
Епа ете јасно е што прават саудијците,познато е дека се марионетки .Во Куранот ваквите муслимани се познати како тагути.Овие неморалности се строго забранети во исламот,прочитај го куранот не суди според тоа овој вака направил тој така,и не верувај на тв и медиуми многу.Пристапи му со чисто срце и отворен ум може Аллах џ.ш. ке ти се смилува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Pica pica

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Епа ете јасно е што прават саудијците,познато е дека се марионетки .Во Куранот ваквите муслимани се познати како тагути.Овие неморалности се строго забранети во исламот,прочитај го куранот не суди според тоа овој вака направил тој така,и не верувај на тв и медиуми многу.Пристапи му со чисто срце и отворен ум може Аллах џ.ш. ке ти се смилува.

Аха...тоа не се прави муслимани. Ама сепак се муслимани, суни и тоа. Сами се декларираат како такви. Алах не ги казнува, напротив им дава власт, значи тие се во милоста алахова.