1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ислам

Дискусија во форумот 'Религија' започната од Kisserboy, 24 октомври 2012.

  1. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Ислам значи: „потчинување“, „предавање“ или „покорување“ [кон Бога]) е монотеистичка религија која се вбројува во Аврамските Религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата божествена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји Пратеник. Исламот најдобро се дефинира според Куранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед. Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Бог како создател.
    [​IMG]

    На арапски, зборот „ислам“ доаѓа од коренот со три букви Син-Лам-Мим (س-ل-م), кој значи „покорност; предавање; послушност; мир“. Зборот „ислам“ е вербален апстракт на овој корен, и буквално значи „покорност/послушност“ и се однесува на покорноста кон Алах (Бог).

    Куран
    Муслиманите веруваат дека Куранот е Божја Реч предадена на Мухамед преку Ангелот Габриел на многу наврати меѓу 610 до неговата смрт во 632 год. На Мухамед Куранот му бил објавен на делови (ајети) или неколку делови одеднаш како дел на една целина сура или како една сура во целина. После примањето тој ги соопштил неговите следбеници и заедно ги практицирале. Во тоа време Мухамед не наредил да се собере и да се пишува Куранот на едно место, но ги информирал следбениците за распоредот на деловите (како што се сега, бидејки не е примено од страна на Мухамед хронолошки како што е денеска). Неговите следбеници ги запомниле овие откровенија и ги запишале на пергаменти, камења и листови. На ваков начин Куранот се чувал се до време на калифот е*у Бекр ес Сиддик, кога Куранот бил собран во една книга (Мусхаф). Во времето на калифотОсман ибн Афан, кога во време на војувањето биле изгубени голем број хафизи(луѓе што го знаат к*р'анот на памет и се зане ланецот од кој човек е учен се до Мухамед, верлив ланец.), Коранот бил препишуван во шест нови копии.
    ...
    Македонија
    Во Македонија 33% од населението е Муслиманско, во кој поголем број се Албанци, а после нив се Турците,Бошњаците,Ромите,Торбешите и др.

    Исламски Објекти во Македонија
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG] [​IMG]
     
    #1 Kisserboy, 24 октомври 2012
    Последна промена од модератор: 9 јули 2014
  2. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    Муслимани мноо едеф благо и пиеф благо кафе
    Толко знам за њима
    Толко.
     
    На TIGERWOMAN31SK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,460
    Допаѓања:
    14,377
    утре Бајрам, па ќе каснеме некое баклавиче па ако е со фстаци мх мх мх :gladen
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    баклава баклава :D mmm
     
  5. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Интересна религија ми е исламот. Имаат некои интереснички обичаи и култури.
    Инаку кај нас има една џамија наречена Крст Џамија бидејќи има најгоре Крст..
    [​IMG]МИТОТ И ЛЕГЕНДАТА ЗА КРСТ-ЏАМИЈА ВО ОХРИД
    На местото каде што се сечат улиците Седми ноември и Марко Несторовски во Охрид, стои џамија, која кај народот, меѓу охриѓани, е позната како Крст-џамија. Тоа име се употребува за муслиманскиот верски објект, но и за овој дел од градот. Тоа се одомаќинило меѓу луѓето, меѓутоа малкумина знаат зошто токму тоа име се употребува за самата џамија, а со тоа и за населбата. Охриѓаните од турско етничко потекло ја знаат како Хаџи-Дургут џамија, по името на човекот што ја подигнал.

    [​IMG]

    Во стручната јавност, барем од она што може да се дознае, не се правени никакви истражувања за тоа од каде, посебно кај македонското население во градот, оваа џамија е позната под такво име. Во Заводот и музеј во Охрид, стручњаците што ја познаваат верската проблематика, посебно историјата на верските објекти во Охридско, речиси едногласно велат дека нема пишувани документи од каде дошло името на џамијата. Нивна претпоставка е дека на тоа место, до првите години од 16 век, постоела православна христијанска црква "Света Недела". Во тој период, на нејзино место била изградена џамијата што сега е позната како Крст-џамија.
    Сепак, постарите охриѓани, но и некои овдешни историчари на уметноста, без да претендираат на точност, се повикуваат на една легенда што неколку века се пренесува меѓу македонското христијанско население. Според оваа легенда, кога тогашната османлиска власт или самиот Хаџи-Дургут почнале да ја градат џамијата, се се одвивало според планот, меѓутоа кога почнало да се гради минарето, завршниот дел на верскиот објект, тоа, од необјасниви причини, се уривало. Тоа, според оваа легенда, се случувало неколку пати, додека некој од градителите не се сетил дека на врвот од џамијата треба да се врати христијанскиот крст. Градителите тоа го направиле, го ставиле крстот на минарето, а тоа повеќе не се рушело, вели легендата што живее меѓу охриѓани.
    Во потрагата по вистината за потеклото на името на Крст-џамија, имавме можност да разговараме со повеќемина охриѓани од турско етничко потекло. Тие знаеја некои верзии, но сите не упатуваа да се консултираме со Абдулхак Сали, кустос-етнолог во Заводот и музеј во Охрид, сега пензионер.
    Овој витален постар господин, без двоумење се одзва на нашата молба за разговор, независно од тоа што во овие времиња, полни со етнички набои, некои охриѓани ни велеа дека оваа тема треба да се остави, да не се гиба, нека остане онака како што било досега. Ова му го посочивме и на господин Сали, на што тој одговори: "Во поранешна Југославија, како кустос-етнолог во Завод и музеј во Охрид, бев повикуван на многу семинари каде што имаше стручни полемики за повеќе прашања од етнологијата, историјата на народите што живееја во таа држава. Уште тогаш, во седумдесеттите години, судирите во гледиштата меѓу хрватските и српските етнолози и историчари не се криеја. Во една пригода, едните на другите си велеа: "Овој е наш", мислејќи дека ќе застанам на некоја страна. Јас секогаш им одговарав: "Јас сум само свој".
    [​IMG]

    "Хаџи-Дургут џамијата во Охрид, според некои неофицијални сознанија, е градена во првите години од 16 век. Ја знам и легендата што кружи меѓу православното македонско население во Охрид. Јас во тоа не би навлегувал, но ќе ви кажам што имам јас слушано од постарите за тоа како на еден дел од минарето постои предмет кој личи на крст. Во нашите преданија се говори дека во последната деценија од 19 век, токму кај Хаџи-Дургут џамијата имало турска свадба. За време на веселбата, еден турски ага, чие име не се споменува, ја зел својата кубура и испукал во правец на џамијата. Тој немал намера да ја оштети џамијата, но во тој момент нешто го натерало да пука. Испуканото зрно од кубурата ја погодило sвездата на врвот од минарето, но не ја откорнало целата, туку само еден нејзин дел. Токму тој дел што сега стои личи на крст, па, најверојатно, според ова обележје го добила името Крст-џамија кај дел од овдешното население. Така говорат преданијата што се пренесуваат", вели Абдулхак Сали.
    Господинот Абдулхак Сали, кој во поранешната заедничка држава имал и највисоки функции во тогашната Исламска верска заедница, а и после тоа, е трпелив и толерантен човек. Пали цигара по цигара, но не од нервоза, туку од задоволство. Во паузата меѓу двете вовлекувања на тутунскиот чад се сеќава на убавите времиња кога меѓу луѓето во Охрид имало голема човечка толеранција, не само меѓуетничка туку обична, човечка. Ни посочува еден пример кој е актуелен и денес. "На околу стотина метри од џамијата за која зборуваме, во близина на сегашното осумгодишно училиште, се наоѓа гробот на, народно речено, Агбаба. Се знае дека бил роден во Охрид, тука живеел и тука бил закопан. Им правел големи добрини на луѓето, без разлика на нивната верска или национална припадност. Токму на неговиот гроб и денес и православните Македонци, и други христијани, и турските верници фрлаат пари за здравје, среќа, за љубов", објаснува Абдулхак Сали.
     
    На Prashina, Lena, foREVer и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Кога некој ќе напише "интересна религија" се прашувам што подразбира под тоа и која религија е помалце интересна?
     
    На Dare му/ѝ се допаѓа ова.
  7. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Има интересни обичаи-на тоа мислев ; )
     
    На Martin_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    Само знам дека веруев у Алаха и дека ги рачунав године од кт преминаја тј некој од Меку у Медину. Толко знам, не ме ни интересира повише.
     
  9. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    МЕКА за време на Курбан Бајрам
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Да Мухамед е тоа,а Алах е бог истиот е и кај нив и кај христијаните само различно го нарекуваат со различно име:)
     
    На Podem му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: