Сакам да кажам/Сакам да прашам

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Кога е пиво фестот во Прилеп овој викенд како што пишува Вест или следниот како што е најавено на ФБ ?
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не можам да ја најдам темата, а ми се спие за да ја барам па тука ќе прашам. Како се пишува правилно: Не знам или незнам и не сакам или несакам?
У спор сум
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Не можам да ја најдам темата, а ми се спие за да ја барам па тука ќе прашам. Како се пишува правилно: Не знам или незнам и не сакам или несакам?
У спор сум
Се пишува „не знам“ и „не сакам“.:)

Нека ми е сега со аватарчето. Heil Hitler!(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Порано, чинам, се жалев како не сфаќам од каде им е на луѓево толку совршен живот, а воедно и време да се фалат за истиот. Абе, дури малце и незгодно ми беше, озбилно се затворав во себе мислејќи дека имам некаков проблем што не ги доживувам работите толку интензивно.
Сега сфаќам дека сето тоа е всушност една гооооолема заблуда која самите ја наметнуваме и во која веруваме.
Најпрост пример што го приметив неделава е одењето во теретана за да дремеш на мобилен/интернет. Молим лепо, тапкај си на некое столче, справата на која бесцелно дремеш пола саат, мене ми ја треба.
И не можам да не приметам дека ми се фрцка без грам пот, а се жали на сиот глас од замор. Кој замор? Да се билдаа мускули на прстите, да разберам...
Феномен број два, тесно поврзан со погорното - никого ништо не го интересира, ама случајно некоја ситница ја заприметува кај некого, дали пријател, познаник или случаен минувач. И ја користи, ооо, и те како.
И другиве се никакви, оговараат, не знам...во секти се зачленуваат, ама всушност нас не ни е гајле што прават, пошто не сме такви и не не интересира таквиот начин на живот. Па чекај, тогаш на сон ли ни се јавуваат сите тие детални, негативни описи што ги даваме?
Аха, мислете си дека не сме такви. Сите сме исти чудаци (ко што милуваме да се кажеме боемски), само во различни пакувања.
Можеби и не можеш да одбегнеш да видиш/чуеш нешто кога ти е пред нос, но можеш да не го искоментираш и прошириш понатака, а бираме да го направиме тоа сосема свесно. Зошто? За на некој начин да си се утешиме дека сме special snowflakes, да не се тапшаме по рамо дека е со просветителска цел.
Отсекогаш на човека му годело туѓото признание, туф, големата тајна...само што, додека на едни не им чука пред директно и јасно да го покажат тоа, другиве до тоа стигаат на поскриен начин т.е. преку потсмев на првиве што се испосељачиле и јасно замолиле за нешто, а после као кај вториве е директноста и искреноста. Умрсено. :D И почнувам повеќе да ги сакам и ценам тие обични смртници, нели.
И на крај, повеќе испаѓа дека оние, нели, простите всушност си живеат за себе пошто не ги тангираат просветителскиве коментари, а не самиве просветители. Јас, очигледно, варирам помеѓу двете, да си плукнам под прозор. :^)
Ах бе, свету смешен. kaka.png
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Ќе ми објасни ли некој што е со протестиве од албанциве? Да не има веќе граѓанска војна?

Која ти е весна бе?

Јас

Но работава е што мене баш луѓево од околината моја не ми згрешиле ништо за да бегам од некој. Едноставно не треба секоја ситница да си ја ставам на срце затоа што така полесно и помирно се живее. Тоа си е карактер и во оваа околина и во друга јас таква ќе сум тоа е тоа. :)

СДК
Ја слушам Цеца и сакам искрено да кажам овие новиве песниве не ми се лоши.:sram

Мене Добро сам Прошла некако посебна ми е.

Не постои поголем over - thinker од мене. Секогаш морам да имам некоја глупост за која непотребно ќе си го мачам мозокот со денови, месеци, па и години.
И таман ќе се откачам од една глупост, нова ќе си најдам. Па дури ги вртам глупостите во круг. Се повторуват во редослед.
Се започна така што неколку години не успеав мирно да спијам затоа што поверував по приказните за крај на светот. Да речеме дека сум била мало дете.
Но важно си го силував мозокот со глупости. Потоа нешто друго, па трето, па четврто...
Имаше период кога бев манијакален хипохондрик. Речиси ништо не јадев со раце. Дури и лебот со виљушка го јадев. Си ги миев рацете, но сметав дека тоа не е доволно. Знам, ненормална бев.
Маки мачам да се променам. Мислам дека малку дури и успеав да се променам.


Хитлер на аватар , ма немој да ме ј***ш?!!!!!!!
 
Последна промена од модератор: