Порано, чинам, се жалев како не сфаќам од каде им е на луѓево толку совршен живот, а воедно и време да се фалат за истиот. Абе, дури малце и незгодно ми беше, озбилно се затворав во себе мислејќи дека имам некаков проблем што не ги доживувам работите толку интензивно.
Сега сфаќам дека сето тоа е всушност една гооооолема заблуда која самите ја наметнуваме и во која веруваме.
Најпрост пример што го приметив неделава е одењето во теретана за да дремеш на мобилен/интернет. Молим лепо, тапкај си на некое столче, справата на која бесцелно дремеш пола саат, мене ми ја треба.
И не можам да не приметам дека ми се фрцка без грам пот, а се жали на сиот глас од замор. Кој замор? Да се билдаа мускули на прстите, да разберам...
Феномен број два, тесно поврзан со погорното - никого ништо не го интересира, ама
случајно некоја ситница ја заприметува кај некого, дали пријател, познаник или случаен минувач. И ја користи, ооо, и те како.
И другиве се никакви, оговараат, не знам...во секти се зачленуваат, ама всушност нас не ни е гајле што прават, пошто не сме такви и не не интересира таквиот начин на живот. Па чекај, тогаш на сон ли ни се јавуваат сите тие детални, негативни описи што ги даваме?
Аха, мислете си дека не сме такви. Сите сме исти чудаци
(ко што милуваме да се кажеме боемски), само во различни пакувања.
Можеби и не можеш да одбегнеш да видиш/чуеш нешто кога ти е пред нос, но можеш да не го искоментираш и прошириш понатака, а бираме да го направиме тоа сосема свесно. Зошто? За на некој начин да си се утешиме дека сме special snowflakes, да не се тапшаме по рамо дека е со просветителска цел.
Отсекогаш на човека му годело туѓото признание, туф, големата тајна...само што, додека на едни не им чука пред директно и јасно да го покажат тоа, другиве до тоа стигаат на поскриен начин т.е. преку потсмев на првиве што се
испосељачиле и јасно замолиле за нешто, а после као кај вториве е директноста и искреноста. Умрсено.
И почнувам повеќе да ги сакам и ценам тие
обични смртници, нели.
И на крај, повеќе испаѓа дека оние, нели,
простите всушност си живеат за себе пошто не ги тангираат просветителскиве коментари, а не самиве просветители. Јас, очигледно, варирам помеѓу двете, да си плукнам под прозор.
Ах бе, свету смешен.