Верување во Бог

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Па и да тресам зелени,биди ти тука па поднаучи ме,јас не се срамам што незнам,и си признав дека не сум целосен верник,но смири малку тензија и ти па подзамисли се што сакав да кажам,небиди и ти мрза.
Сум размислил многу работи и сум научил многу. Ти кажувам на погрешна трага си. Хиндуистите веруваат во многу богови најважни се три (зошто ли ме потсетува на свето тројство). Буда (се мисли на Гаутама Сидарта, последниот буда) бил роден како човек, живеел како чивек и умрел како човек, и е 28миот буда. Во будизмот нема богови. За повеќе мораш да научиш (прочиташ) сама.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ме интересира,зошто Бог е секогаш поврзан со религијата?

Христијаните веруваат ви Исус,индијците во Буда,Муслиманите го имаат Алах(незнам одкаде велиш дека Алах е мој татко,истиот бог)значи сакав да ти кажам дека збориме за Господ бог ,на христијанската вера,друготе вери не ги ни спомнав
Индијците не веруваат во Буда,затоа што Буда како што кажа Идиот не е бог.
Индијците веруваат во други божества како што се Вишну,Шива итн. кои пак претставуваат човечки особини и карактери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Idiot and Holla

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Е зошто де? :)
Да одиме и понатаму, зошто духовноста се поврзува со религиите?
Можеби затоа што религиите биле првите кои успеале да ја претстават духовноста како продукт пред масата,за да би ја придобиле истата.Посебно се целело(како и ден-денес што се цели)кон простата маса.
За да се развива некој духовно не е потребна никаква религија,а истото важи и за верување во Бог.Ако некој верува во Бог,ќе верува и без црква,џамија или било какво светилиште,ниту пак е потребно да биде религиски определен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Idiot

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Можеби затоа што религиите биле првите кои успеале да ја претстават духовноста како продукт пред масата,за да би ја придобиле истата.Посебно се целело(како и ден-денес што се цели)кон простата маса.
За да се развива некој духовно не е потребна никаква религија,а истото важи и за верување во Бог.Ако некој верува во Бог,ќе верува и без црква,џамија или било какво светилиште,ниту пак е потребно да биде религиски определен.
Одлично кажано, освен првата реченица. Ниту боговите ниту духовноста се производ на религиите. Религиите ги имаат присвоено. Која како и за која цел... е тоа е веќе друг муабет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ослично кажано, освен првата реченица. Ниту боговите ниту духовноста се производ на религиите. Религиите ги имаат присвоено. Која како и за која цел... е тоа е веќе друг муабет.
Неее..не е духовноста ниту производ,ниту пак потекнува од религиите.Чинам погрешно ја протолкува реченицата.Религиите се првите кои успеале да ја презентираат духовноста како производ,а себе си(религиите)како алатка за достигање на тој производ(духовноста),да би можеле на тој начин да ја привлечат масата кон себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Idiot

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Неее..не е духовноста ниту производ,ниту пак потекнува од религиите.Чинам погрешно ја протолкува реченицата.Религиите се првите кои успеале да ја презентираат духовноста како производ,а себе си(религиите)како алатка за достигање на тој производ(духовноста),да би можеле на тој начин да ја привлечат масата кон себе.
Така бива. Се извинувам за недоразбирањето. Која колку успеала во тоа, тоа веќе пак сосем десети муабет. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Така бива. Се извинувам за недоразбирањето. Која колку успеала во тоа, тоа веќе пак сосем десети муабет. :)
Па успеале.Секоја на свој начин.Највеќе ме иритира кога ќе видам некоја новосоздадена религија,некоја мешавина од се и на крај ништо.Еве како методистичка религија на пример.
Кои се тие?
Или јеховини сведоци.Која улога ја играат тие?
Човек(член на Јеховини сведоци)на умирање изгубил крв во сообраќајка му треба под итно крв,не смее да добие помош затоа што Ј.сведоци забрануваат земање на туѓа крв?
Зошто?
Во библијата пишувало да не се јаде крв.
Примање туѓа крв е јадење/пиење крв?
Кога го слушнав ова ми беше to much.Се држат на некои си новосоздадени правила кои всушност имаат сосем трето значење.
Или пак разни секти кои нудат духовно развивање,сите на свој начин,сите за свои индивидуални цели.
Некако сосем мизерно ми делува таа религиска определеност.
 
Последна промена:

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Зависи која во што успеала зависно целта за која била формирана.
Што би рекол Сенека помладиот, „Религијата обичните луѓе ја сметаат за вистинита, умните за погрешна, а владетелите за корисна“
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па успеале.Секоја на свој начин.Највеќе ме иритира кога ќе видам некоја новосоздадена религија,некоја мешавина од се и на крај ништо.Еве како методистичка религија на пример.
Кои се тие?
Или јеховини сведоци.Која улога ја играат тие?
Човек(член на Јеховини сведоци)на умирање изгубил крв во сообраќајка му треба под итно крв,не смее да добие помош затоа што Ј.сведоци забрануваат земање на туѓа крв?
Зошто?
Во библијата пишувало да не се јаде крв.
Примање туѓа крв е јадење/пиење крв?
Кога го слушнав ова ми беше to much.Се држат на некои си новосоздадени правила кои всушност имаат сосем трето значење.
Или пак разни секти кои нудат духовно развивање,сите на свој начин,сите за свои индивидуални цели.
Некако сосем мизерно ми делува таа религиска определеност.

Напротив, јеховашите барем се обидуваат да се придржуваат кон она кое нивниот Бог им го заповедал. Православните рисјани слабо. Лабаво :D Дури и се делат на национални конфесии кое е врв на дебилизмот.

Одлично кажано, освен првата реченица. Ниту боговите ниту духовноста се производ на религиите. Религиите ги имаат присвоено. Која како и за која цел... е тоа е веќе друг муабет.

Викаш боговите си постоеле некаде ама биле присвоени од религиите? Какви се тоа богови кои можат да се присвојат?! Нели се семоќни, сезнајни...или барем прилично моќни како Посејдон...како тоа допуштиле да ги присвои некој?

Иначе чудна ѕверка е чоекот, никој не му пали кандило на ликот кој ја измисли тоалетната школка, никој не го слави ликот шо монтирал прво казанче, на оној шо го измисли телефонот не му го знат ни името а еден тип од Франција кој ја разви првата фотографија не е споменуван никаде. Сите оние кои допринеле за драстично зголемување на квалитетот на животот се заборавени...али затоа има иљадници замислени другарчиња кои сеуште се активни во свеста на рајата.

Жално е што и во атомското доба сеуште опстануваат религиските будалаштини па дури и во некои краишта доживуваат препород.