Не е лесно, но смртта не е за осознавање, ами надминување!
Смртта на телото ќе постои уште долго време. Смртта е причина за манипулирање со луѓето кои имаат страв...
Што правиме што религиите не дозволуваат да се одстрани стравот, да се надмине тагата и болката кај оние што остануваат на Земјата откако друг умира?
Религиите велат дека тага и болка нема да има, ако и само ако верувате во соодветниот бог...
Богот не би постоел ако нема човекот страв од непознатото... тоа треба да се учи новиот човек.
Старо-еонските финти за страшната ни смрт се глупости денес и треба да се надмине сето тоа.
Религиите ја прават смртта тажна, бедна... пробајте на смртта да гледате на големо ослободување и можеби, нема толку да Ви бидат тажни пеењата на гробиштата каде ги оставате коските на луѓето...
Ме интересира,зошто Бог е секогаш поврзан со религијата?
Не знам за кој бог прашуваш... боговите (што и да ви преставува тој симбол) се поврзани со луѓето и ништо друго!
Не знам зошто луѓето се убедени дека верувањето е подобро и пополезно од спознанието и искуството !!!
Тоа сеуште ми е црна дамка кај модерниот човек со кој се среќавам секој ден....
П.С. Да била толку страшна и непотребна смртта на телото, јудејско-христијанскиот бог на пример - не би ја дозволил да постои јас мислам.