@UpaDown
Да не ти одам офтопик во темата.
Дали знаеш зошто Доналд Трамп спие по 3-4 часа дневно? Хинт: Не е затоа што е филантроп.
Основата на капитализмот не е носење среќа на просечен човек, туку створање капитал. Да беше се` толку розово како што ти си умислил светот немаше нималку да наликува на ова што е сега. Капитализмот поттикнува алчност, не среќа.
Бобо, знаеш оти практикантите у Гугл земаат по 6.000 долари плата? Оти работат кај алчните капиталисти.
Капитализмот создава пари. Исполнува соништа. Ако не па, ко шо имаме минималец, да поставиме максимална плата? Знаеш оти не бива тоа? Оти човечкиот потенцијал нема лимит.
Никој не те тера да работиш повеќе од вообичаено. Ама ако сакаш да си ја купиш најновата кола, или телефон, или добар стан, или било шо и да посакаш, ќе работиш. Или ве мрзи да работите? Никој никого не го тера со сила да работи.
Или ако не можеме сите да сме исто богати, ај да сме сите исто сиромашни, ко у Куба пример?
Плус, јас сум тотално убеден оти не ни знаете шо значи капитализам.
Пошто знаеш како е, социјалистите да се разбираа од економија, немаше да се социјалисти.
Капитализмот е природен. Најприродната размена на добра меѓу луѓе. Толку едноставно.