А како ќе ги заработиш тие пари, ако не со работа и само со работа?
Или треба ниско квалификувани работници кои мислат да градат кариера у МекДоналдс, да заработуваат по 15 долари на саат, како и некој шо работи како пожарникар и работат му е високо ризична? Да, пожарникарите заработуваат по 15 долари од саат у Америка.
Или пак планот е сите да заработуваме исто, она за шо се борат левичарите од Ленка, мање битно дали некој работи по 15 саати, а друг некој си го лади под дрвото?
Пари се заработуваат на еден начин. Со работа. Не сакаш да работиш кај еден капиталиста? Вработи се на друго место. Или отпочни свој бизнис.
Знаеш оти економиите на братство и единство не успеваат? Оти ако некој работи по 15 саати, а друг си го лади, и земаат иста плата, после еден месец тој со 15те саати ќе изгуби мотивација, и ќе престане да работи.
Ама ако тој шо работи 15 саати зеде 5 пати повеќе плата од некој шо работи 3 саати, тогаш и тој со трите саати ќе биде мотивиран идниот месец да работи повеќе, гледајќи го колегата со 15те саати како за парите си купил ајфоун, или нова кола, или јака гарнитура дома, а овој одвај заработил за јадење.