Што е предноста со запознавањето на нет? Тоа што рандом лик може да биде сосем осмо од тоа што ти се претставува? Тоа што врска немаш дали тоа што ти кажува е така или не, а немаш ни шанса да провериш? Отворање на личноста, долги муабети, тешки моменти јадара-јадара мамбо џамбо муабети се твоите аргументи. Само еднаш посомневај се дека некој не ти ја кажува вистината во такви моменти само за да те придобие и пробај да си го докажеш сомнежот.Јас колку што разбрав онаа личност што ја бирале за танц им бил дечкото што го меркале. И од тука тој поматен мозок, идеализирање на моментот, посебно кога си женско...
И пак ќе речам не дека е подобро да запознаеш некого на нет, него кога веќе го раздлабочивме муабетот и правиме споредби, ти кажувам дека тој вид запознавање си има предност пред моментот со танцот. Не воопшто предност пред запознавањето во живо.
Муабетот не ми е дека ако го гледаш во лице не може да те излаже, туку дека сепак имаш многу повеќе шанси да препознаеш кога некој пробува да те излаже. Имаш многу повеќе шанси да дознаеш за личноста. На нет јас можам да бидам пилот кој се повредил при слетување, кој има тажна судбина, ми умреле родителите ко мал и сум растел со дедо ми, многу сум сензибилен и дрн дрн рандом сторија натака. Се надевам ја сфаќаш поентата.