Интересна тема и баш ме потсети на младоста,едвај чекавме да дојде петок,па и сабота понекогаш да идеме во дискотека,обично одев во Мусандра(кај Гранд хотел).Не излегувавме секој ден како денес младиве.Тоа време сите чекавме да пуштат танго,па диџејот да извести "ајде женски бирајте партнер"па така срам не срам,срце во пети лупа,одиш и го каниш тој што ти се допаѓа,можеш и корпа да добиеш но битно си се обидела за да не ти биде криво.Додека трае музиката имаш време да го видиш убаво,да направиш некој моабет,го гледаш колку е висок,дали мириса или смрди,какви заби има ,ке ги собереш сите податоци,а можно е и да се заебеш во смисла ау овој бил глуп.Е сега,незнам на младите како може да им игра срце ,кога се овие нетовиве,ни се гледаат,ни мирисаат,незнае каков е,дали дебел, слаб,убав,идр.а се возбудуваат,си праќаат се живо и диво на невидено.Па уште кога ке слушнем и дека си договарат да се видат и излезат.Е тоа ние немавме,прво добро ке го видевме,анализиравме,ке се распрашавме кој е и што е па потоа на рандеву.