Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
We exist beyond the good and evil. - изрека што често ми ја коментира пријател од социјалните мрежи, телемит, љубител на надреализмот и астроном.
Летово на мајка ми и спомнав за Телема и Алеистер Кроули, без проклето изненаден од нејзиниот одговор: " Еее синко, ја коа читаше за него, ти уште не беше у на татко ти ******* . Терај си ги ти 777 и законо и љубовта, само нем да ми станеш некој христијанин како шо имаше навика да ми читаш библии и да се молеш на господ да не отидам на родителско или да ти стаат двојка по физика "
Еее стара арно си викала на времето, камоли да научеше некоа формула по математика одкоку да се плашеше од "Oткровението" и коњите со светци и мечеви шо ќе ме праќаа у пеколо :D Ама добро е коа видеш од друга перспектива, у осмолетка никогаш не ме научија дека

0 = (+1) + (-1) «=» |+1| + |-1| = 2
Ме радува што постојат слободоумни родители како мајка ти :)
На саемов имав една ситуација кога една госпоѓа го забележа штандот и ја побара ќерка и на мобилен за да и каже да си дојде и да си одбере книги од Кроули.

П.С За формулава која ја спомна: 0=2, клик ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Еее стара арно си викала на времето, камоли да научеше некоа формула по математика одкоку да се плашеше од "Oткровението" и коњите со светци и мечеви шо ќе ме праќаа у пеколо :D Ама добро е коа видеш од друга перспектива, у осмолетка никогаш не ме научија дека

0 = (+1) + (-1) «=» |+1| + |-1| = 2
(1) mathematica

Сега ќе ти кажам нешто во врска со првата Основа на твојот Ум. Грижливо студирај ја Математиката, зашто со тоа ќе ги откриеш Законите на својот Разум и неговите Ограничувања. Оваа Наука ти ја покажува твојата сопствена Природа во однос на Машинеријата со чија помош дејствува и ти ја покажува, со чиста Разголеност без Облеката на Личноста или Желбата, Анатомијата на твојата свесна Личност. Со помош на математиката можеш да ја сфатиш Суштината на односите меѓу сите работи и Природата на Нужноста, за да дојдеш така до Знаењето за Формата. Математиката е последниот Превез пред Сликата на Вистината, така што нема подобар Пат од нашата света Кабала, која ги анализира сите Работи и ги редуцира до чист Број; и така штом нивната Природа не е повеќе разнобојна и збркана, тие можат да бидат регулирани и формулирани со Едноставност преку Операцијата на Чистиот Разум. Тоа ќе ти биде голема Утеха во Работата на нашата трансцедентална вештина, со чија помош Мноштвото станува Едно.

Dе arte mentis colendi, Книга на Мудроста или лудоста
 
Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Ме радува што постојат слободоумни родители како мајка ти :)
На саемов имав една ситуација кога една госпоѓа го забележа штандот и ја побара ќерка и на мобилен за да и каже да си дојде и да си одбере книги од Кроули.

П.С За формулава која ја спомна: 0=2, клик ;)

Од таму и ја копирав формулата. Цел живот имам кец по математика, ама "every number is infinite, there is no diference." Читајќи малку за теоријата на онтологијата и употребувајќи равенки без ниту една непозната од прво оделение, имам некоја идеја за истата формула.
Единствено нешто на мајка ми што ми се меша во мојата волја е што ми забранува да јадам шекер со лажица. Пошто дома се купува кафе и шекер скоро на секој два дена, а татко ми не престанува да ме искушува со неговата "мастика" што ја крие во шкафовите. И така, прекрасно е кога си дрмнам една чашка и си читам херметички текстови. Моите недостатоци од шекер во крвта и предозирањето од јадење благо се две страни од иста паричка. Дискутирав со еден човек за "Книга на законот" ми рече да ја оставам за крај, пред тоа да научам повеќе за Кабала, пошто во неа има многу кабалистички концепти. "Just go with the flow" и знај дека ништо не знаеш, пошто " 5. Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него. " - Книгата на Рамнотежа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Abraxas

Не е случајно што организмот ти бара шеќери, обично студентите на пример пред испит знаат дека непишано правило е да земат чоколадо, затоа што со тоа ја подобруваат концентрацијата и меморијата.
Но да се задржиме на темава, да ги прокоментирам болдираните реченици од твојов пост.
Прв болд. Твојата волја не е исто што и твоите желби или потреби, иако некои од нив можат да бидат пропратни станици до твојата чиста вистинска волја. Затоа немој толку ноншалантно да ја идентификуваш твојата волја со одредена потреба.
Втор болд. Не се согласувам дека првин треба да се учи кабалата па дури потоа да се чита Книгата на Законот. Точно дека постои одредена кабалистичка конотација, но тоа незначи дека треба да ја оставиш за на крај. Секоја индивидуа на свој начин се пронаоѓа во симболиката на овој текст, тоа што е правило за успех на еден, може да биде слепа улица за друг.
Поздрав. ;)
93 93/93
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
„Тајните на Адептите не им се откриваат на луѓето. Ние само би сакале тоа да беше можно. Кога ќе ми дојде човек и ме запраша за Вистината, јас заминувам да подучувам некој бушман на диференцијални равенки; па ќе му одговорам на првиот кога ќе успеам со вториот!“ - А. Кроули
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Idiot and Harmonija

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
На 9-ти и 10-ти јуни, во скопје, во салата "Даре Џамбаз" - наспроти зоил, ќе ни биде гостин и ќе одржи неколку предавања Лон Мајло Дукет. Цена на влезниците - 300 денари, блок карти - две купени одеднаш ќе биде 500 денари. Ќе има и можност да се купат насловите кои беа дел од саемот на книгата со истиот саемски попуст. Повелете, ве очекуваме.

П.С. Инфо за предавачот:
Lon Milo DuQuette

Роден 1948 година во Лонг Бич Калифорнија, пораснал во Колумбус Небраска - радикален активист за мир од 60-тите, кант-автор, Свет Човек и Волшебник Хуморист. Лон Мајло Дукет е истовремено автор на 16 критички признати книги (преведени на 12 јазици) за Магика и Окултизам. Критичарите го нарекуваат еден од најпочитуваните и најзабавните писатели и предавачи од областа на Западна Езотерија.

Покрај книгите, неговите статии и есеи се објавени во бројни магазини, журнали и антологии, вклучувајќи ја "Rebels and Devils", заедно со делата на William S. Burroughs, Robert Anton Wilson, Timothy Leary и Israel Regardie. Рецензентите го споредуваат духовитиот и досетлив стил на Дукет со оној на Mark Twain и Robert Benchley. Публиката на неговите работилници и семинари го опишува искуството како каскада на информации, смеа и страв.

Од 1975 година Дукет е национален и интернационален офицер на Ordo Templi Orientis, едно од највлијателните магиски друштва на 20-тиот век. Во моментов е Заменик Голем Мајстор на Редот во Соединетите Држави. Тој е меѓународно признаен авторитет за тарот и западна церемонијална магика. Иако овие предмети ги сфаќа многу сериозно, се обидува себеси да не се сфати премногу сериозно. Оваа ретка комбинација на ученост и хумор во изминатите 20 години му овозможи едно уникатно и почитувано место во американската духовна и езотерична литература.

Неговата најпопуларно дело, автобиографијата "My Life with the Spirits" е задолжителна литература за 2 студиски програми во DePaul University, Chicago. Футуристот и автор Роберт Антон Вилсон ја нарекува "најдобриот вовед во Западен Окултизам - разумен, приземен и чудесно забавен.".

Живее во Коста Меса, Калифорнија со својата сопруга Constance со која е во брак 44 години.

http://londuquette.com

10341513_1443922939180777_3138573527831203214_n.jpg

Link
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Покрај книгите, неговите статии и есеи се објавени во бројни магазини, журнали и антологии, вклучувајќи ја "Rebels and Devils", заедно со делата на William S. Burroughs, Robert Anton Wilson, Timothy Leary и Israel Regardie. Рецензентите го споредуваат духовитиот и досетлив стил на Дукет со оној на Mark Twain и Robert Benchley. Публиката на неговите работилници и семинари го опишува искуството како каскада на информации, смеа и страв.

Интересен лик, еден од позначајните на крајот на 20.век, се бавел со анархии ова она, книга за завери на илуминат(ус)и (иако фикција), нели треба да го хејташ?:zelen
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Интересен лик, еден од позначајните на крајот на 20.век, се бавел со анархии ова она, книга за завери на илуминат(ус)и (иако фикција), нели треба да го хејташ?:zelen
Зошто да го хејтам? Каква врска има ова со завери?