Човечките влади не успеале да ги решат проблемите со криминалот, меѓу кои е и тероризмот. Бог ќе ги отстрани сите злобни одЗемјата (Пс. 37:1, 2, 9). Човечкото владеење довело до непрестајно војување, но Бог како владетел ќе ‚ги прекине војните до крајот на земјата‘ (Пс. 46:9). Всушност, под Неговата власт ќе биде обновен и мирот меѓу луѓето и животните! (Иса. 11:6-9). Сиромаштијата и гладот биле постојани обележја на човечкото владеење, но Јехова ќе ги отстрани и нив (Иса. 65:21). Дури и човечките владетели кои имале најдобри намери не успеале да им стават крај на болестите и смртта, но под Божјата власт, старите и болните ќе се вратат во деновите на својата младешка сила (Јов 33:25; Иса. 35:5, 6). Навистина, Земјата ќе стане Рај во кој дури и мртвите ќе воскреснат!
Последна промена од модератор: