Зошто многу луѓе не веруваат во Библијата како Божји збор?

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
^ Не е божја реч, туку е човечка реч. Доколку би била божја реч зарем би дозволил човек да ја пишува? Целата вистина е, луѓето во тоа време имале многу необјаснети работи и единствен начин на кој можеле да ги објаснат е преку некое битие со натприродна моќ. Точно е дека за многумина има добро влијание, но човештвото е дојдено до тој степен на свест каде што не се потребни вакви измислени приказни за да знаеме дека треба да правиме добро. Господ и неговата РЕЧ ја губат репутацијата кај човештвото веќе неколку децении па види до каде стаса светот, се помалку војни и се поголема свест. И ако гледаме статистички, повеќе војни се воделе околу религија одколку за било која друга причина. Trust me, we are totally fine without made up stories about god, we are rocking this world.
Точно е дека Библијата ја пишувале луѓе, но сите тие тврделе дека ги запишале Божјите мисли, а не сопствените,Размисли за момент за ова. Библијатајапишувале околу 40 лица кои живееле во период од 1.600 години. Овие луѓе имале најразлично потекло — некои биле овчари, некои војници, рибари, државни службеници, доктори, свештеници и цареви. Сепак, сите пренеле една иста порака на надеж која е и точна и вистинита.Освен тоа, ниедна друга книга не била изложена на толкави жестоки обиди да биде уништена. Сепак, таа сѐ уште постои и, макар и делумно, ја има на повеќе од 2.000 јазици. Тоа што до ден-денес е зачувана како книга и тоа што нејзиниот текст останал неизменет е доказ дека Бог интервенирал да биде така. Библијата навистина е право чудо!
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Тоа што Библијата ја пишувале луѓе ѝ дава неизмерна топлина и привлечност. И тие имале чувства како нашите. Бидејќи биле несовршени, се бореле со проблеми и притисоци какви што имаме и ние. Во некои случаи, Божиот дух ги поттикнал да пишуваат за своите чувства и тешкотии Значи, тие пишувале за работи што лично ги доживеале, работи што ниеден ангел не би можел толку добро да ги опише.Тоа што Бог користел луѓе за да ја напишат Библијата ни ја открива длабочината на неговата мудрост. Со зборовите се пренесуваат информации, но и емоции и чувства. Бог можел да користи и ангели за да ја напишат Библијата. Но, дали тие би можеле да ни ги доловат човечките емоции како што се стравот, тагата и разочарувањето, кои се толку вообичаени за луѓето? Тоа што Бог дозволил во пишувањето на Библијата да се внесат и чувствата на несовршените човечки писатели ѝ дава неизмерна топлина и привлечност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: oптимистка

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
НО СИТЕ ТИЕ ТВРДЕЛЕ, сфаќаш дека тоа е само тврдење така? АКо Бог интервенирал ЕДНА обична книга да се зачува а не толку МНОГУ војни те тера да размислиш малку за овој БОГ? И ако толку си упатена во сево ова ќе ти извадам еден цитат од библијата од една молитва која треба да си ја прочиташ неколку пати пред да убедуваш некој во тоа ШТО ти веруваш и другите да веруваат во тоа што ти сакаш да веруваaт.
„ Боже, дај ми ведрина да ги прифатам работите кои не можам да ги сменам
храброст да променам тоа што можам
и мудрост да ја знам разликата “

Words to to live by eh?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
НО СИТЕ ТИЕ ТВРДЕЛЕ, сфаќаш дека тоа е само тврдење така? АКо Бог интервенирал ЕДНА обична книга да се зачува а не толку МНОГУ војни те тера да размислиш малку за овој БОГ? И ако толку си упатена во сево ова ќе ти извадам еден цитат од библијата од една молитва која треба да си ја прочиташ неколку пати пред да убедуваш некој во тоа ШТО ти веруваш и другите да веруваат во тоа што ти сакаш да веруваaт.
„ Боже, дај ми ведрина да ги прифатам работите кои не можам да ги сменам
храброст да променам тоа што можам
и мудрост да ја знам разликата “

Words to to live by eh?
Во ред не веруваш во неа али ајде спореди ми некоја друга книга бар малку слична на неа, ако ја има ????
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Ама ти сфаќаш дека мене тука друга ми беше поентата. Имаш толку верба во овој Бог што тврдиш дека спасил една книга а толку многу војни дозволил да се одвиваат со трагични завршетоци, ама битно книгата ја спасил :D
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Ама ти сфаќаш дека мене тука друга ми беше поентата. Имаш толку верба во овој Бог што тврдиш дека спасил една книга а толку многу војни дозволил да се одвиваат со трагични завршетоци, ама битно книгата ја спасил :D
Апостол Јован напишал: „Знаеме дека потекнуваме одБог, а целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19). Јовановите зборови во врска со светот се непобитно вистинити. Војните, криминалот, суровоста, угнетувањето, нечесноста и неморалот што земаат толкав замав денес даваат доказ за влијанието на Сатана, а не на Бог
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Ама битно книгата ја спасил а војните не? ТОа е дело на Сатаната, се шо не може Бог да спасе едноставно може да се оправда со зборовите „ епа тоа е дело на Сатаната “ тука Бог не може ништо ама затоа мора да го величеме сепак.
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Може ли на луѓето да им биде добро без Бог и успешно да владеат без него? Страдањата, неправдите, болестите, смртта, криминалот, нискиот морал, војните, геноцидите и други ѕверства што со векови го измачуваат човештвото се непобитен доказ дека секаков обид на луѓето да владеат независно одБог е бедно промашување. Библијата не вели дека Бог е виновен за неволјите што го погодуваат човештвото. Напротив, таа јасно кажува која е главната причина за сите неволји: „Човек владее над човек на негова штета“ (Проповедник 8:9).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: oптимистка

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Да, бог не е виновен за ништо, он спасува книги а нас не, оти нели тоа е дело на Сатаната. Long story short одговорот е да. Човештвото може да преживее без Бог. Свеста на човештвото експоненцијално расте, минуваме низ секакви фази и сите сме ги поминале без помош на Бог. Ќе дојдеме до тој степен на супериорност кога Бог ќе биде само приказна во училиштата како стратегија за контрола на нашите нагони и желби.
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Наскоро Бог ќе ги ‚уништи оние кои ја уништуваат земјата‘ и ќе го замени сегашниов насилнички свет со еден нов свет во кој „ќе престојува праведност“ (Откровение 11:18; 2. Петрово 3:10—13). Потоа, за оние што остануваат, „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка“ (Откровение 21:1—4).Војните и насилството ќе ги снема засекогаш, бидејќи целосно ќе се исполни пророштвото одИсаија 2:4: „Ќе ги прековаат мечевите во плугови, а копјата во српови. Нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување“. И Вие можете да уживате во таа прекрасна, вечна иднина ако научите нешто од лекциите што ги дава историјата (Јован 17:3).
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena