Тоа што Библијата ја пишувале луѓе ѝ дава неизмерна топлина и привлечност. И тие имале чувства како нашите. Бидејќи биле несовршени, се бореле со проблеми и притисоци какви што имаме и ние. Во некои случаи, Божиот дух ги поттикнал да пишуваат за своите чувства и тешкотии Значи, тие пишувале за работи што лично ги доживеале, работи што ниеден ангел не би можел толку добро да ги опише.Тоа што Бог користел луѓе за да ја напишат Библијата ни ја открива длабочината на неговата мудрост. Со зборовите се пренесуваат информации, но и емоции и чувства. Бог можел да користи и ангели за да ја напишат Библијата. Но, дали тие би можеле да ни ги доловат човечките емоции како што се стравот, тагата и разочарувањето, кои се толку вообичаени за луѓето? Тоа што Бог дозволил во пишувањето на Библијата да се внесат и чувствата на несовршените човечки писатели ѝ дава неизмерна топлина и привлечност.