Разбирам дечки, во право сте !Сал доволно кажа. Се додека друг ти плаќа, не е баш тоа![]()

Разбирам дечки, во право сте !Сал доволно кажа. Се додека друг ти плаќа, не е баш тоа![]()
Затоа ти кажувам, тие ја прават грешката поради својот игнорантен однос како детето да е репрограмирана машина.@Saladin, абе сето тоа убаво, дека тие ме издржуваат и такви ствари .. ама мајке му треба и самите да бидат свесни дека не можат тие да ти кажат што да правиш понатаму со твојот живот .. не може да ти кажат на што да одиш, доколку тебе ни малку во главата не ти штракнало за тоа, воопшто ни на крај памет не ти дошло да одиш на тој факултет. Да, тие ми плаќаат, ама не треба да ми го одредуваат животот натаму.
Всушност, и тие т.н. афинитети може да бидат наметнати и усмерувани кон родителските желби уште од најмала возраст, така да тоа баш и не релевантно споредбено со интересите што детето ќе ги спознае и развие без ничие влијание.Родителите многу убаво ги знаат способностите и афинитетите на своето дете па така некогаш може и нивната желба за понатамошно образование на своето дете да биде правата одлука,така да не кривете ги одма родителите.
Навистина мислам дека во денешно време ни еден родител не му наметнува мислење на своето дете (зборувам гледајки од моја страна како родител и баба)но има секакви родители но веке се помалку.Некогаш и децата незнаат стварно каде да се запишат па гледаат каде им одат пријателите или колку да се запишат да не седат дома.Не е се црно па има и бело .Всушност, и тие т.н. афинитети може да бидат наметнати и усмерувани кон родителските желби уште од најмала возраст, така да тоа баш и не релевантно споредбено со интересите што детето ќе ги спознае и развие без ничие влијание.
Јас родителски притисок немам осетено, но затоа блиски роднини буквално ме имаат подуено дека грешам и дека требало правен да запишам поради мојот интерес за криминологија, терање правди и психологија, а јас порадо би отишла на шумарски отколку на правен.
Слобода. Може да му укажам зошто мислам дека некој факултет би му одел (според мене), но на крај одлуката е само на детето. Чинам дека ко резултат на тие родителски комплекси и наметнувања имаме прости, неупатени и безволни лекари, правници, професори итн. што ради-реда и којзнае како завршиле, па држат работни места задоволувајќи туѓи „син/ќерка ми е доктор“ хирови.