Факултет по желба на родителите

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Поради татко ми се запишав КТА средно. Отидов, видов, ми оди математика и програмирање, но не ме влече.
И сега секој ден вестите му го перат мозокот дека информатичари/програмери се најдефицитарни професии па морало јас да се запишам тоа зошто само така ќе сум имала загарантирано работно место. Кој ми гарантира, Латас?!
Наместо да земе и да провери во последните 5 години колку студенти се имаат запишано на овие насоки и да направи пресметка уште колку невработени програмери и информатичари ќе има додека јас завршам факултет, тој упорно притиска зошто демек ме бивало за тоа. И што ако не ме влече? Пак ќе биде истата приказна од средно, минимален труд за некако да поминам, учење за нив, не за мене, и залудно потрошени години.

Сепак треба секој сам да си одлучи. Веќе не сме деца, колку толку знаеме што правиме. И ако направиме утка, таа ќе се примети уште во првата година, па подобро да научиме од сопствените грешки, отколку поради желбите на родителите да се прокоцкаат минимум три-четири здрави години и потоа цел живот да се помине во каење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Зошто давате 'искривени' коментари кога надвор од форумот барем повеќето реагираат малце подруго?

-Зошто да не се консултираш со домашните, да видите како стоите со можностите, кој факултет би бил најдобра опција, дали си сигурен дека можеш да го завршиш и сл?

Јас тоа го сторив со моите, ги разгледав опциите на кои факултети можам да се запишам и со тек на време сфатив до кај ми се можностите (финансиските) и затоа избрав факултет кој не ми е така омилен, но сепак ќе го завршам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Зошто давате 'искривени' коментари кога надвор од форумот барем повеќето реагираат малце подруго?

-Зошто да не се консултираш со домашните, да видите како стоите со можностите, кој факултет би бил најдобра опција, дали си сигурен дека можеш да го завршиш и сл?

Јас тоа го сторив со моите, ги разгледав опциите на кои факултети можам да се запишам и со тек на време сфатив до кај ми се можностите (финансиските) и затоа избрав факултет кој не ми е така омилен, но сепак ќе го завршам.
Види... тука е прашање на карактер.
Пример, еве јас лично да се запишев на факултет што не бил по моја желба ќе кракирав во прв семестар, затоа што сум таков „табиет“ тоа што не ми е убаво едноставно не можам да се наканам да седнам и да го научам.
Условите за факултет ми беа никакви(сам ги создавав) ама завршив тоа што сакав и денес не работам по струка ама душата ми е исполнета до максимум.

И втора работа, едно е да се консултираш а друго е родителот да ти рече „Ќе одиш Медицина, затоа што ја мислам дека најмногу ти прилега да си доктор/ка и затоа што има многу кеш кеш“.
-таквите родители ја прават најголемата грешка што родител воопшто може да ја направи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Slims

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Види... тука е прашање на карактер.
Пример, еве јас лично да се запишев на факултет што не бил по моја желба ќе кракирав во прв семестар, затоа што сум таков „табиет“ тоа што не ми е убаво едноставно не можам да се наканам да седнам и да го научам.
Условите за факултет ми беа никакви(сам ги создавав) ама завршив тоа што сакав и денес не работам по струка ама душата ми е исполнета до максимум.


Желбите се едно, а можностите се друго.
Јас сакам да се запишам на полициска академија или на ДИФ факултет, но поради тоа што не можат да ми овозоможат услови, ќе одам на факултет кој што е најприлагодлив за моите можности.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Желбите се едно, а можностите се друго.
Јас сакам да се запишам на полициска академија или на ДИФ факултет, но поради тоа што не можат да ми овозоможат услови, ќе одам на факултет кој што е најприлагодлив за моите можности.
Но муабетов е дека повторно ти го избираш факултетот. Твоите не ти го наметнале тој факултет директно, но сепак ти даваат и избор на факултет.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Според мене јас мислам дека треба да се консултираш со родителите во врска на кој факултет да идеш.Прво,можеби ти сакаш да станиш доктор а ваму сите двојки,тројки..не можиш едноставно да се запишиш на тој факултет а и некаде длабоко во себе знаиш дека нема да го завршиш.Родителите знаат кој ти е капацитетот и твоите можности,и ако они ти предложат оди фармација можеби полесно е,и ти учиш фармација и после не најдиш работа или не можиш ни фармација да завршиш,па викаш 'Е мама и тато се криви за воа,они ме натераа мене да одам фармација'.Бесмислено е.Значи треба да гледаш од повеќе аспекти,што можиш да учиш,што сакаш и што можиш да завршиш,не е само да отидиш да се прошеташ до Скопје и една година(или повеќе) така да се шеткаш. Јас имам уште година време за да одлучам на што факултет ќе одам,и знам дека изборот е многу тежок.Можеби цел живот ти зависе од таа одлука.
ПС:Има разлика од идеја,предлог 'Пробај на фармација,душо' и од наредба 'Ти мораш да одиш на фармација.Фармацевтите се најплатени,одма наоѓаш работа и бла бла'...
Искуство?Тетка ми летала високо,ќе учела незнам таму што,две години така се шетала на факултетот се додека мама не и рекла не се зезај оди на нешто што можиш.Се запишала на педагогија и си завршила.Сега вработена е,зима добра плата,ужива.Некои луѓе малце треба да се потурнат ;)
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Но муабетов е дека повторно ти го избираш факултетот. Твоите не ти го наметнале тој факултет директно, но сепак ти даваат и избор на факултет.


Уцена.
Ако сакаш заврши го тој, ако не сакаш, здравје госпо.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас сметам дека родителите не треба да ти го одредуваат или да те примораат да завршиш одреден факултет...
иако тие финансираат за истиот...
Но сметам дека сепак се поискусни и би требало да те насочат или да ти помогнат во одлуката...
Лично јас се запишав на факултет што го сакав, од истиот се разочарав и се откажав, се запишав на друг, повторно по моја желба и сопствен избор, го завршив ама не работам на струката..
Е сега по едно 7-8 години размислувам дека можеби требаше да завршам нешто поперспективно и попрактично и во тој дел требаше да послушам некои сугестии, ама тоа е нема назад...освен да се запишам пак на факултет :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Кога завршив средно , мајка ми ме седна , ме погледна онака остро и ми рече : И што се реши каде ке учиш ?
Се запишав економски зш реално со тоа имаше повеќе опции за вработување . За бирање факултет се согласивме заедно дека е најдобро така . Потребата на родителите да се наметнуваат во секоја одлука е голема грешка ,можеби поради навиката да контролираат се околу нив ,но кога станува збор за нешто што ке го работиш и што ке те дефинира како личност треба да имаат удел , да споделат мислење да кажат што мислат дека е најдобро според нив ,но не и да го наметнат по секоја цена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Тоа ми е најглупото нешто. Да учиш тоа шо сакал да биде родителот, ама немал можности, финанси или пак стапил во брак...
Му поминало нив времето и за жал не можи да се врати, тоа било нивно време и нивни избор можеле да бираат и ако имале можност не ја искористиле. Кој му е крив, сега не ќе плајќа сопственото дете за нивните желбии и амбиции.
Јас немав такви проблеми, како и за факултети така и за средно беше. Тоа што мислев дека ќе ми одговара таму заминав.
А имав една другарка таа средно медицинско се запиша заради желба на мајка е оти тааа не можела да се запиши...и мораше тоа да го учи иако не сакаше, така и за факс и напраеа...ама пак и до карактер е. Значи јас кога не сакам нештото да го учам нема, ќе застанам да глава ако треба ништо нема да учам ама нема да одам по нивни желби.